Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Очекувам да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги

Објавено December 6, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Очекувам следната година да имаме економија која оди напред и произведува додадена вредност како и раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис како и поефикасни услуги, посочи премиерот Христијан Мицкоски по денешната седницата на Економско социјалниот совет.

-Во Буџетот кој е во собраниска процедура предвидуваме средства за зголемување на пензиите, останатите 2.500 денари, за што се предвидени околу 105 милијарди денари, што ќе биде второ зголемување по растот кој се случи оваа година. За исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари за плати и 2 милиони денари за блок дотации за зголемување на платите во образованието, како и пари за поддршка на ранливи категории за кои се предвидени 14,5 милијарди денари, за здравствена заштита 53,4 милијарди денари, рече Мицкоски.

Во Буџетот се предвидени пари за раст на платите во образованието и просветните работници, растот на платите во здравството и здравствените работници, што беше и ветување од Владата.

-Во стопанството ќе се случуваат два важни процеси. Првиот е реализација на инвестициски циклус за капитални проекти во општините за кои Владата веќе обезбеди 250 милиони евра. Ќе се градат училишта, градинки, патна и водоводна инфраструктура. Вториот циклус е парите кои преку банките ги ставаме на располагање во форма на супер евтини кредити, договорена е каматна стапка од 1,95 %, до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата, во зависност од потребите на компаниите. Тоа значи дека ќе имаме инвестициски огромен бран од можеби 800 милиони евра, рече Мицкоски.

Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие пари во основни средства за работа, обновливи извори на енергија, објекти за сопствена употреба, како и да учествуваат во проектите кои ќе ги инвестираат општините.

-Очекувам раст на БДП и раст на нивото на директни странски инвестиции. Сето ова треба да ја закрепне економијата и да ја постави на здрави основи. Останува да разговараме со синдикатите и работодавачите. Тој дијалог треба да донесе решенија на проблемите кои постојат, но и да трасира решавање на децениските бариери напластени пропусти кои се случувале и кои придонесуваат да стагнираме како општество. Оптимист сум дека работите се движат во добар правец и нашата работа дава резултати. Секој час од денот го користам за решенија кои ќе го направат животот на граѓаните подобар, рече премиерот.

Мицкоски посочи дека е уверен дека промените уште подрастично ќе се случуваат во периодот кој следи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Јамал си фати прва женска на Тик-ток
Следна Статија Палки, молотови коктели, пиротехника: Кај грузиските „шарени“ пронајден цел арсенал оружје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Намалени и цените на дел од основните прехранбени производи што не се дел од Новогодишната кошничка, Владата продолжува да ја следи ситуацијата

Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, но одлуката за замрзнување на цените е подготвена…

December 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за субвенционираните летови: Имаме нови 16 линии, буџетот за истите е зголемен на 250-260 милиони денари за ова година

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на субвенционираните летови истакна дека за истите,…

August 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото може да достигне 5000 долари

Цената на златото би можела да достигне речиси 5.000 долари за унца доколку нападите на Доналд Трамп врз независноста на…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Горивата со пониски цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?