Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам по празниците банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Очекувам по празниците банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам по празниците банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите

Објавено December 22, 2024 14:03
Сподели
Сподели

Средствата од унгарскиот кредит се обезбедени, процесот е во финална фаза и веќе во јануари ќе можеме тоа да го постигнеме, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се потпишани договорите со банките за унгарскиот кредит и кога компаниите ќе може да аплицираат.

Мицкоски нагласи дека, иако дел од банките и сега ги промовираат, очекува веќе по Новогодишните празници банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите кои што ќе ги користат.

– Што се однесува до капацитетот дали ќе се исцрпат, не знам. Јас сакам да има многу бизнис идеи, но тоа зависи од претприемачите, од економијата и не зависи од Владата. Ние сме тука да го помагаме и да бидеме нивен партнер и да го поддржуваме работењето, изјави Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по ставање камен темелник за изградба на трговски центар во општина Гевгелија, Мицкоски рече дека средствата од Унгарскиот кредит ќе може да се користат и за ваков тип на инвестиции, но до границата од 10 милиони евра.

За тоа дали е можно ако остане дел од средствата од овој кредит да бидат наменети за АД ЕСМ, со оглед дека земаат кредити со повиоски камати, Мицкоски рече дека „начинот и земањето на кредитите имаат друга цел и намена“.

-Како Влада, наша цел е сето тоа да се консолидира и предвреме да биде отплатено, така што да немаме големи трансфери на средства за повисоки камати. Мислам дека веќе во 2026 година, според планот, кој што го разработивме со раководството на АД ЕСМ, веќе ќе можеме да зборуваме за компанија која што од 200 милиони евра во минус, ќе дојде на позитивна нула, изјави Мицкоски.

Мицкоски, уште еднаш посочи, дека целта е годинава да биде забележана бројка на инвестиции од една милијарда евра, со што, како што нагласи, ќе бидеме во првите три по глава на жител кога станува збор за странски инвестиции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прекин на рускиот гас преку Украина: На повидок нова енергетска криза во Европа
Следна Статија УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кафето во Европа поевтини по долгиот раст на цените

По долг период на силен раст, цените на кафето во Германија регистрираа мал пад. Големите малопродажни синџири, вклучувајќи ги Лидл,…

October 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денари

Малопродажните цени на бензините на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од „Еуромакс“– ги продал акциите

Тетовецот Назиф Дестани, кој на македонската јавност ѝ е познат како сопственик на фирмата „Еколог“, ги продал акциите во рударската…

May 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Завршуваме со големи капитални проекти, граѓаните ќе бидат сведоци на инфраструктурен развој

Пуштање на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско и пругата кон Бугарија на потегот од Куманово до Бељаковце, како и…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?