Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Оставам на Обвинителството дали по допрен глас ќе преземе мерки за следењето од безбедносните агенции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Оставам на Обвинителството дали по допрен глас ќе преземе мерки за следењето од безбедносните агенции
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оставам на Обвинителството дали по допрен глас ќе преземе мерки за следењето од безбедносните агенции

Објавено December 27, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува од Јавното обвинителство по допрен глас да преземе мерки во врска со информациите кои ги изнесе на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања дека претходната власт физички го следела него тогаш како предводник на најголемата опозициска партија, оти наводно бил лидер на паравоена формација.

Она што е интересно од тоа што можам да го кажам и да го споделам со јавноста е дека овие списи, извештаи или како да ги наречам дебрифинзи, се креирани на почетокот на 2020 година кога е изборна година. Замислете, една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да кажам која е, располага со вакви информации во кои што јас инспирирам, финансирам и организирам вакви терористички структури вооружени, а притоа не го информирала МВР. И се поставува прашањето зошто не го информирала. Одговорот е јасен, затоа што тоа беше техничкиот период и тогаш технички министер беше г. Наќе Чулев, зборувам во 2020 година. Ова било само начин преку монтажа да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент – ВМРО-ДПМНЕ. Останатото еве оставам до обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали тие ќе преземат некакви мерки – рече Мицкоски на новинарско прашање дали очекува разврска во врска со неговото следење од безбедносните служби дека бил лидер на паравоена формација.

Прашан до каде е со реализација најавеното спојување на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, и дали има некаков предлог закон за спојување на агенциите, тој посочи дека се во подготовка реформи за кои ќе биде потребно време.

Таа процедура нема да биде брза и се разбира нема да биде јавна. Кога ќе биде се’ завршено, а за тоа треба време, ќе биде јавна, ќе има јавна дебата, ќе можат експертите да ги дадат своите мислења. Но, ние се подготвуваме на оваа реформа бидејќи оваа реформа најголемиот дел од НАТО земји ја имаат направено, од соседството таква е во Словенија, во Хрватска итн. Така што, да бидеме трпеливи затоа што сепак станува збор за системот за разузнавање и контраразузнавање на државата – рече Мицкоски по присуството на презентацијата на резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи за изминатата година од страна на ресорниот министер Панче Тошковски, на која присуствуваше и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Премиерот Мицкоски вчера од собраниската говорница укажа на незаконско работење на дел од агенциите и службите задолжени да се грижат за безбедноста на граѓаните и државата, истакнувајќи ја неопходноста од реформи во работењето на службите. Одговарајќи на прашање на пратеникот Јован Јаулески за нови моменти од спроведените истраги внатре во рамки на безбедносните структури, премиерот посочи дека претходната власт физички го следела него како лидер на најголемата тогаш опозициска партија, но и членови на неговото потесно семејство, неговата сопруга и синовите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин 
Следна Статија Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Измените и дополнувањата на Законите за сообраќај и за странци го поминаа комисискиот филтер

Измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за странци го поминаа првото читање во…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Документи се вадат во законскиот рок, нема веќе турканици ниту хаос

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостувањето на емисијата „Топ тема“, информира дека досега се издадени околу 1.800.000 пасоши…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Чешкиот „ Блек хок“ го стави под контрола пожарот на Готен

 Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби“ резервоар со капацитет од над 3.400…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?