Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД

Објавено November 6, 2024 15:41
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на, како што посочи исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на САД, по победата на Доналд Трамп на претседателските избори. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со очекувањата по победата на Трамп на изборите во САД, истакна дека двете земји имаат економски приоритети кои понатаму ќе се развиваат.

-Честитам на граѓаните на САД за демократскиот изборен ден или изборен процес, избраа напредок, избраа нешто коешто тие одлучија дека ќе им биде приоритет, го избраа претседателот Трамп да биде повторно нивен претседател. Јас тоа го честитав и не само на него, туку и на луѓето коишто се дел од неговиот, дел од неговиот тим, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека со членовите на неговиот тим размениле неколку пораки изутрината и потсети дека во земјава на неодамна беше Хауард Лутник, кој на прес-конференцијата стоел до семејството на Трамп.

-Господинот Лутник е практично претседател на транзицискиот тим, во којшто се пет членови, меѓу кои е и Дон Џуниор, односно синот на претседателот Трамп, таму е потретседателот, сега веќе Џејди Венс, таму е самиот претседател, новиот претседател на САД, господинот Трамп, таму е госпоѓата Мекмахон и претседател на тој тим е Хауард Лутник. Тој беше тука разговаравме за нови проекти, остана подолго време комуницираме, денеска разменивме по некоја порака. Исто така господинот Рик Гренел, којшто исто така очекувам да биде од тимот на претседателот Трамп. Таму беше Девин Нунез, поранешен конгресмен, тој исто така беше дел од таа делегација која што беше присутна тука. Моментално ги води компаниите на господинот Трамп, ќе го видите денеска и него на бината исто така. Тука беше човекот од македонско потекло, господинот Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“, исто така искомунициравме од позадината на самиот настан Така да има комуникација. Очекувам уште поголемо зајакнување на и онака исклучително добрите односи помеѓу македонските граѓани и граѓаните на САД. Имаме одредени економски приоритети, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека очекува тие економски приоритети да бидат уште повеќе зацврстени. Повтори дека како Влада изразуваат голема поддршка на граѓаните на САД, што во еден демократски амбиент, донеле правилна одлука и практично го избрале новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата
Следна Статија Како преку „Скај“ апликацијата се оддавале тајни на кланот Грчец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Одамна имаме заслужено да ги почнеме преговорите за членство

Македонија одамна има и заслужено да ги почне преговорите за членство во ЕУ, па затоа Унијата треба да изврши притисок…

December 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје од утре наутро ќе остане без вода, санацијата на главниот цевковод треба да заврши за помалку од 15 часа

Од утре рано наутро ќе почне акцијата за санација на главниот цевковод во Скопје. На терен на предвидените локации ќе…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гласа во декември: Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК

Адем Чучуљ, образован правник со завршен правосуден испит, ќе биде предложен од страна на Комисијата за прашања на изборите и…

November 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Арсовска и во недела „ловеше“ дивоградби во Чаир, тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, заедно со полициско обезбедување и околу 20 вработени од Градот, вчера во Општина Чаир беа…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?