Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Преговараме со 15 компании, очекуваме нова инвестиција од над 300 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Преговараме со 15 компании, очекуваме нова инвестиција од над 300 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 компании, очекуваме нова инвестиција од над 300 милиони евра

Објавено December 29, 2024 23:15
Сподели
Сподели

На денешното емитување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот објасни дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговара со 15 компании и дека се очекува огромна инвестиција од 350 до 360 милиони евра која ќе донесе извозен потенцијал кој позитивно ќе влијае на бруто домашниот производ.

„Преговараме со 15 компании за следната година, очекувам една огромна инвестиција од отприлика 350, 360 милиони евра која што ќе ни донесе огромен извозен потенцијал со што ќе влијае позитивно врз бруто домашниот производ“, кажа Мицкоски.

Премиерот објасни дека оваа инвестиција се очекува следната година и ќе значи многу за македонската економија.

„Очекувам оваа инвестиција да ја заокружиме следната година инвестиција која што ќе биде навистина би рекол огромна за нас и ќе значи многу за македонската економија. Тоа е мој фокус и мораме да продолжиме да се фокусираме на тоа да создаваме производи со голема додадена вредност затоа што само на тој начин ќе ни расте економијата и второ голем дел од нашите македонски граѓани кои што се надвор од државата кои што изминативе години се иселија како да имам чувство дека дел од нив полека но сигурно се интересираат да се вратат или почнуваат да се враќаат и да си ја градат својата иднина тука бидејќи гледаат дека работите на подобро се менуваат. Се враќа надежта, тоа е доволно за мене дека успеавме да ја вратиме надежта кај луѓето“, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП: Во декември 70% од даночните обврзници платиле во законски рок
Следна Статија Излезна анкета: Милановиќ освои 51,48 отсто од гласовите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Каматите на депозитите растат, а на кредитите паѓаат

Податоците на Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври бележи годишен пораст од 0,40 процентни…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Пуштена новата фабрика на „Макрогрес“ од 8,5 милиони евра

Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“,…

June 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Даноците се собираат според планот

Полнењето на буџетот е стабилно и сосема е извесно дека годината ќе ја завршиме со исполнување на планот, бидејќи до…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?