Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

Објавено December 26, 2024 17:40
Сподели
Сподели

„Оваа година 2024 година беше година на стабилизација, односно слободното паѓање кое што ни се случуваше престана и полека почнавме да се враќаме на состојба нула, односно очекувам таа состојба нула да се случи некаде пролетта следната година. Иако некои индикатори и параметри велат дека и сега имаме една таква состојба во многу области, дури и дека состојбата е пред оние години на криза 2019, 2020, 2021, дека овие месеци првите индикатори се појавуваат како такви“, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања.

Премиерот Мицкоски истакна дека оваа година која изминува очекува историски најголемо ниво на странски инвестиции поголеми од една милијарда евра, односно како што посочи, со ова Македонија ќе биде во првите три економии во Европа по глава на жител.

„Оваа година која изминува за овие уште неколку дена очекувам историски најголемо ниво на странски инвестиции поголеми од една милијарда евра. Со што ќе бидеме во првите три економии во Европа по глава на жител кога станува збор за привлекување на странски инвестиции“, рече тој.

Премиерот Мицкоски најави нови 15 странски инвестиции, од кои за едната рече дека е во вредност од 360 милиони евра, со 500 нови добро платени работни места.

„Имаме нови, но имаме и такви кои беа заборавени од претходната влада, а започнати кои што сега ние ги одглавивме заедно со институциите кои што работат во реализација на инвестирање и тие веќе се во процес на инвестирање и се разбира договоривме нови кои што ќе почнат да се реализираат следната година. Станува збор за нови 2.800 работни места, а веќе сме во процес на нови 15 кои што веќе ги преговараме и се во завршна фаза, од кои едната ќе биде голема од 360 милиони евра, која што очекуваме откако ќе ги завршиме разговорите следната година јануари месец да ја објавиме, нешто што ќе значи огромна сума на пари кои ќе влезат во извозното портфолио на државата, 500 нови вработувања високо платени, современа технологија“, истакна премиерот Мицкоски.

„Ние денеска ги поставуваме темелите на тоа како треба да изгледаме 5, 10 години од денес македонската економија. И мислам дека ова инвестиција од висока технологија ако биде сè како што треба, ќе значи ново огромно влијание позитивно врз БДП кога ќе го достигне својот максимум таму некаде 2028 година“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АФД сака Германија да излезе од ЕУ: По Брегзит следи ДЕгзит
Следна Статија Финансиска полиција поднесе кривична пријава против раководството на Државната лотарија, буџетот оштетен над 22 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Остануваат уште пет работни дена за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нова инвестиција во Штип, фабрика за производство на батерии со 150 вработувања

Потврдена нова инвестиција во индустриската зона во Штип. Премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работен состанок во УЈП истакна дека се…

June 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото…

July 13, 2025

Технолошки идни перспективи по вестите од Венецуела

Фјучерси на суров нафтен благо паднаа. Извршните директори на Nvidia и AMD зборуваат на CES во понеделник

January 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?