Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Објавено November 14, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во последниот квартал годинава се снабдува со гас, а со меморандумот очекувањата се дека државата ќе добие уште пониска цена на гас.

„Да, тоа е навистина фантастична вест, тоа е нешто позитивно за нас како држава. „СОКАР“ е гигант, „СОКАР“ е огромен гигант, како компанија „СОКАР “веќе и доставува повеќе од дваесет PSM во Европа. Тоа се дваесет милијарди нормални метри кубни гас во шест земји до овој момент и таа бројка се зголемува, сега и со нас.

Преку „СОКАР“, ЕСМ се снабдува во последниот квартал од оваа година со гас, за затоплување и производство на електрична енергија. Тоа во бизнисот за гас во суштина е прв квартал. Следната година, нашиот прв квартал, во бизнисот за гас ќе биде втор квартал, така малку кај нив поинаку функционира.

Очекувам дека со овој меморандум и уште пониска цена ќе добиеме. Такви се очекувањата и она коешто јас сум го разговарал со државниот врв во Азербејџан. И навистина со ова покажуваме дека подготвени ќе ја пречекаме зимата и дека нема да имаме проблем во снабдувањето со енергенси“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетнички возеле нерегистран мопед и направиле сообраќајка
Следна Статија Нова машина за печатење на лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекорден откуп на риба тон за 3,2 милиони долари на аукција во Токио

Риба тон тешка 535 фунти беше продадена за рекорден износ од 510 милиони јени на годишната аукција во Токио

January 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Доколку трговците не ги намалат цените на основните производи, ќе ги ограничиме профитните маржи и цени

Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Објавени најдобрите 25 светски компании, меѓу нив нема ниту една од Европа

Извештајот на PwC, една од најголемите светски ревизорски и консултантски фирми, за најголемите светски компании според пазарната капитализација покажува драматична промена…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се злоупотребувале ли парите од Лотарија, еве што откри Ревизијата

Сериозни неправилности поврзани со нелогични и непостоечки трансакции и записи без соодветна финансиска документација се само дел од неправилностите што…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?