Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Работиме на решение, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Работиме на решение, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Работиме на решение, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Објавено December 19, 2024 18:04
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ Самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос на проблемот со Бугарија истакна неговата дискусија на Самитот се водеше од тоа дека потребно е решение кое ќе гарантира да го изодиме патот до крај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат во предвид, додека договорите со соседите треба да се читаат такви какви што се бидејќи во двата ни ветуваат безусловна поддршка на патот кон ЕУ.

„Тоа беше и мојата дискусија и вчера и денеска дека билатералната соработка е клучна кога зборуваме за економска соработка, туризам, кога зборуваме за развој на „know how“ вештини, образование и тука тој процес има додадена вредност. Но доколку билатералните разговори и преговори се однесуваат на идентитетските прашања, тогаш тој процес никако не може да заврши успешно бидејќи е поврзан со емоција“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека секој процес кој е поврзан со емоцијата тогаш не може да биде процес кој ќе се темели на напредок, квалитет на испорака, резултати.

„Затоа замолив емотивните билатерални прашања да ги оставиме настрана и да ги читаме правилно договорите. Не може за едниот договор да важи правилото „Pacta sund servanda”, а за другиот да не важи. Што е заедничко за нив, тоа е дека и едниот и другиот договор велат дека земјите членки кои се втора страна во едниот Грција, во другиот Бугарија треба безусловно да не поддржуваат. Никаде, посебно во Договорот за добрососедство не стои реченицата или делот кој нас не обврзува на уставни измени. Ајде правилно да ги гледаме работите, на вистината мора во очи да и погледнеме, не онака како што нас ни одговара и да покажуваме политички мускули и на тој начин да ги вртиме работите. Јас сакам да ги гледам работите такви какви што се, и едниот и другиот договор ветуваа безусловна поддршка од нашите соседи за нашиот пат кон полноправно членство во рамки на Европската Унија“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека билатерална соработка за идентитетски прашања не доаѓа во предвид, затоа што тука има емоција, нема рационално.

„Никому не оспоруваме ништо и не сакаме нас да не оспоруваат, тоа е мојата порака и вчера и денеска. Мојот многувековен идентитет е мој многувековен идентитет, мојот мајчин македонски јазик е мој мајчин македонски јазик кој има вековни корени. Било кој ќе отвори тема на овие прашања, тогаш тој не му мисли добро ниту на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности коишто велат обединети во различностите. Ценам дека направивме многу и тука и ние како влада и министерството за надворешни работи и надворешна трговија и министерството за европски прашања во изминатиов период, многу работевме за да можеме денеска отворено да ги зборуваме работите и да бараме решение, но не решение кое ќе не доведе да ја прескокнеме првата пречка, туку да го изодиме патот до крај. Веќе на секој му е јасно, ќе најдеме решение, а ние како влада сме подготвени да работиме колку што е потребно за да дојдеме до тоа решение“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Од Нова година го прекинуваме транзитот на руски гас во Европа
Следна Статија Калајџиев: Груби не можел да биде приведен на граница, мерката „стоп листа“ е незаконска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Трошел од буџетот и се возел со владиниот авион за приватни потреби- Обвинение против ексдиректорот на СОЗР

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), по спроведена истрага, поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на владината Служба за општи и…

July 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски на конгрес на ЕПП во Брисел

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, со партиска делегација во чиј состав е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ,…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Жителите на Маџир Маало житеат во услови кои не доликуваат на 21 век

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Никоклоски денес беше во посета на Маџир Маало заедно со кандидатот за градоначалник за…

October 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Граѓаните очекуваат резултати од нас, во моментот се реконструираат три патни правци во општина Велес

Јас немам што да додадам на ова што претходните говорници го кажаа, само би сакал да кажам дека секогаш кога…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?