Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Реновиран е Клубот на пратеници, а со Перински почнуваме со теренски активности по општините каде се градат капитални проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Реновиран е Клубот на пратеници, а со Перински почнуваме со теренски активности по општините каде се градат капитални проекти
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реновиран е Клубот на пратеници, а со Перински почнуваме со теренски активности по општините каде се градат капитални проекти

Објавено February 6, 2025 12:14
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински присуствуваа во Клуб на пратеници на работен појадок на кој разговараа за серија теренски посети на општините низ државата наречени „Каде срцето е дома“ со цел да се мапираат сите предизвици во нив и да се сублимираат насоки за нивно надминување.

Воедно, посетите ќе се искористат и за увид на реализација на инфраструктурните проекти финансирани со средства од централниот буџет, како и за размена на искуства и идеи за потребите на отворениот процес за измени на Законот за локална самоуправа.

-За мене задоволство е што сум денеска ете заедно и со Златко и со Ивица овде во овој реновиран објект, мислам дека треба така да продолжиме да се грижиме за имотот на државата бидејќи тој е заеднички имот на граѓаните. Има неколку работи коишто во периодот што следи јавноста ќе ги дознава, дел од имотот вклучително и оној каде што треба државниот врв да го користи и престојува не е впишан во имотен лист замислете, државата тоа го нема запишано ниту во имотен лист не е ни нејзина сопственост иако дефакто е така, но де јуре не е така и некако се поврзува практично ова почнување со работа на овој реновиран објект познат како Клуб на пратеници со кампањата којашто ќе ја правиме заедно со Златко во единиците на локална самоуправа каде што ќе почнуваме проекти коишто се дел од програмата на Влада за инвестиции во општините, вели во изјава за медиумите Мицкоски.

Периодот којшто следи ќе биде динамичен, интересен, полн со многу проекти нешто коешто го бараат граѓаните, нешто коешто на нив ќе им е потребно така што ве повикувам да не следите, мислам дека добро е да овој процес поминува транспарентно и добро е да одблиску граѓаните го дознаваат она што ќе го работиме како Влада преку соодветните министерства, нормално целиот овој процес го координира Министерството за локална самоуправа“, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Скорпија – четврток, 6 февруари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Стрелец – четврток, 6 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Панчо со емотивна порака: „Не се договоривме вака, љубов моја…“

Со емотивна порака на социјалните мрежи од Владимир Блажев – Панчо од ДНК, се прости и неговата сопруга Маја. -Не…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

До 17 часот гласале 39,28% од избирачите

На ниво на држава, до 17 часот излезеноста е 39,28 проценти односно вклупно гласале 279.241 гласач од 96,94 проценти на…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заврши маршот на семејствата на настраданите во „Пулс“ во Скопје

Со средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заврши денешниот марш на семејствата на настраданите во дискотеката „Пулс“ во…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар

Значаен процент од младите во Република Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција…

November 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?