Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски со честитка по повод 23 октомври: Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски со честитка по повод 23 октомври: Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка по повод 23 октомври: Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот

Објавено October 23, 2024 10:54
Сподели
Сподели

Нека е честит и вековит денот на Македонската револуционерна борба.

На овој ден е формирана и Македонската револуционерна организација. Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое се вгради во изградбата на самостојна држава и своја самосвест.

Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност.

На овој ден да се потсетиме на хероите кои ги дадоа животите за слободна Македонија, но и на заветот кој не обврзува.

Потребно е да работиме за да донесеме иднина, да ја закрепнеме државата, да овозможиме правда, и економски просперитет.

Народот да живее подобро и секој атом да го насочиме кон создавање на посветла иднина каква граѓаните заслужуваат.

Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот, повисок стандард и да создадеме општество на можности и почит. И ова е заедничката битка во остварувањето на целта.

Нека е вечна организацијата и нашата Македонија. Со целосна почит за Македонската револуционерна борба, пишува премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на Македонската револуционерна борба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил Гејтс донира 50 милиони долари на Камала Харис: „Овие избори се поразлични“
Следна Статија Ограбена фирма за брзи кредити во Скопје, вооружените разбојници однеле 5.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Со се колата ме дигнаа – Таксистот Џелили опишува како му го дигнале автомобилот со пајак заедно со него на кровот

Откако вчера на паркингот кај Железничката и автобуската станица му го кренаа такси возилото додека беше качен на автомобилот, Фатмир…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Ексклузивните наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја поздрави акцијата за приведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?