Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со Извештајот имаме реална слика за состојбите, граѓаните живеат тешко, ги менуваме работите, забележана е борбата против корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Со Извештајот имаме реална слика за состојбите, граѓаните живеат тешко, ги менуваме работите, забележана е борбата против корупцијата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со Извештајот имаме реална слика за состојбите, граѓаните живеат тешко, ги менуваме работите, забележана е борбата против корупцијата

Објавено October 30, 2024 17:37
Сподели
Сподели

Денес го добив извештајот на Европската Комисија кој се однесува на изминатата една година поточно за периодот септември 2023 и септември 2024. Опфатени се практично три влади, една политичка влада, една техничка влада и една влада која беше избрана на 23 јуни оваа година, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Мора човек реално да пристапи на работите и реално да разговара за заедничките предизвици кои ни престојат како држава. Нема да кажувам дека со само два месеци кои се опфатени во извештајот дека сме направиле чуда.

И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко и дека ни се потребни крупни чекори напред, клучни реформи и она што можеби за мене претставува клучен приоритет а тоа е борбата против корупцијата.

Сепак е добро кога ќе се добие и квантификација и една реална слика за состојбите. Со извештајот добиваме една реална, објективна слика за состојбите за целокупната подготвеност на земјата во достигнувањето на европските правила и стандарди, како и за тоа што било направено во текот на изминатата година. Детектиран е добар или одреден напредок во некои области, но и ограничен или недоволен односно нема никаков напредок во повеќе други области и теми од Европското законодавство и стандарди, вели Мицкоски и додава:

„Она што ме охрабрува е што и во овој кус период на новата Влада, Европската комисија ги препознава напорите за борбата против корупцијата, нешто што не беше случај во минатиот извештај.

Како и претходните години, најголемите слабости повторно се детектираат се однесуваат на кластерот 1- темели, односно на деловите поврзани со правосудството, реформа на јавната администрација.

Нашите претходници требало и морало да направат повеќе и подобро, но да го оставиме тоа зад нас, мора да ги надминеме политичките препукувања и да се фокусираме на она што треба сите ние заеднички да го направиме. Немаме време за губење.

Нè очекува уште многу работа, сите нас, бидејќи реформите и европскиот пат се долгорочен и сеопфатен процес. Затоа ве уверувам дека ние како нова Влада работиме интензивно и посветено за подобрување на состојбите во сите области, особено во оние области на живеење каде проблемите и слабостите на системот се најголеми. За тоа ни е потребен ангажман од сите нивоа на власт- извршната, но и законодавната и судската, како и од нашата администрација, и останатите чинители во општеството – приватниот сектор, граѓанското општество, академската заедница итн.

Нема отстапување од реформите, бидејќи тоа е единствениот начин за да го подобриме животот на нашите граѓани и да го зајакнеме македонското досие на патот кон членство во ЕУ. Не само заради технократско исполнување на условите, туку заради суштествено помрднување напред и европска трансформација во вистинска смисла на зборот. Тоа е наша обврска за обезбедување подобра сегашност на сите нас и подобра иднина за следните генерации.

И сосема на крај знам дека граѓаните се уморни од целиот процес, и дека неоправдано сме во чекалницата, но единствената одржлива и стратешка цел за иднината на сите останува членството во Европската Унија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тинејџер силувал девојка во Кисела Вода
Следна Статија (ФОТО) Нов тренд на Балканот: Платени убијци носат маски со лик на познати лица на жртвите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Груби не е во Косово, туку во Албанија, вели Меџити

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во интервју за албанската ТВ „Ора њуз“, кажа дека според неговите…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија има патентирано изум кој за 15 минути растерува магла и го намалува загадувањето, но 24 години некој го држи во фиока

Мал број на граѓани се сеќаваат дека во Македонија има изум кој за 15 минути растерува магла но од неразбирливи…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ

Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза. – Ве известуваме дека…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела да не прави театар

Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела Арсовска да не прави театар, истакна…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?