Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8

Објавено October 5, 2024 15:55
Сподели
Сподели

Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто е добиен од страна на Светска банка, добро е тоа што македонските граѓани коишто ќе го враќаат овој кредит од Светската банка ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 и тоа е една силна политичка порака затоа што изминатиов период бевме обвинувани дека Коридорот 8 не бил толку приоритетен, друг коридор Коридорот 10 бил приоритетен, но со самото ова и она што ќе започне од понеделник, тоа е реконструкција на ГП Клепало – изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното поставување на камен темелник на нов објект на терминалот за стоково царинење со што се означува почетокот од надградбата и реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир и Ќафасан.

Тој додаде:Покажуваме јасна определба дека секоја точка на Македонија нас ни е важна, и дека нема да оставиме ниту една точка којашто нема да биде реконструирана и реновирана. Мораме да напоменеме дека македонските граѓани коишто ќе го отплаќаат овој кредит ќе добијат модерен граничен премин исто така ќе добијат модерни гранични премини каде што ќе имаме поефикасна работа на Царинската управа.

Кога сме кај ефикасната работа на Царинската управа можам, да кажам дека пред 2 во суштина беше тоа, е спречена нелегална трговија на 36 килограми опојна дрога, марихуана, а во текот на вчерашниот ден имаше нелегална трговија на лекарства исто така во огромна количина и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Криминалците нема да бидат повеќе безбедни. Со заминување на власта на претходната Влада на СДСМ и ДУИ пораката којашто сакаме да ја упатиме е дека секој оној што ги почитува законите и Уставот ја има и нашата почит, но секој оној криминалец без разлика дали е тоа политички или поинаков ќе биде фатен, спроведен и однесен да одговара за тоа што го прави.

Така што мора да има правна држава насекаде, на целата територија на Република Македонија, но важно е дека македонските граѓани коишто ќе ги плаќаат овие кредити коишто ги зима македонската Влада ќе добијат европски услови кога ќе ги поминуваат граничните премини и ќе нема повеќе гужва и турканици како што тоа беше во минатото.

Вкупната вредност за изведба на првата фаза од овие проекти изнесува 118 милиони денари, од кои 96 милиони денари за надградба и реконструкција на граничен премин Деве Баир и 22 милиони денари за реконструкција и надградба на граничен премин Ќафасан. На граничниот премин Ќафасан веќе се започнати градежни активности коишто треба да завршат во период од 6 месеци.

Проектот за надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир ќе се одвива во две фази.

Првата фаза опфаќа изградба на нов современ административен објект на терминалот за стоково царинење, како и целосна реконструкција на постоечката Управна зграда на самиот граничен премин. За оваа намена Министерството за транспорт склучи договор за градежни работи со македонска фирма во вредност од 96 милиони денари. Средствата за оваа намена се обезбедени преку Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

Со реконструкцијата на Управната зграда ќе се добијат современи услови за работа на царинските и полициските службеници, а со изградбата на новиот објект на терминалот за стоково царинење покрај царинските службеници, бенефит ќе имаат и службениците од Државниот инспекторат за земјоделие и граничната Фитосанитарна инспекција како и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Воедно процедурите за увоз, извоз и транзит ќе се одвиваат на едно место, што ќе претставува олеснување за економските оператори, а ќе се придонесе и кон скратување на времетраењето на завршување на постапките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот, но за висока корупција и кражби од епски размери не е можно брзо постапување
Следна Статија Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење

Новата Влада затекна многу проблеми во образованието, но со силни напори, за кратко време, успеавме да направиме многу добри работи,…

October 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, неправилности констатирани кај 17 субјекти со лиценца

Како Влада сме посветени на обезбедување на целосна транспарентност и точност пред јавноста и внимателно ги следиме сите институционални чекори…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија

Веста за страотниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, кој однесе најмалку 47 животи, ги отвори старите рани во Кочани. Роднините…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Намалена видливост поради магла на Стража, Ѓавато, Плетвар и Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?