Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски веднаш по враќањето од Америка ќе се сретне со синдикалците од УПОЗ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски веднаш по враќањето од Америка ќе се сретне со синдикалците од УПОЗ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски веднаш по враќањето од Америка ќе се сретне со синдикалците од УПОЗ

Објавено January 17, 2025 23:00
Сподели
Сподели

Средбата меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира откако премиерот Христијан Мицкоски ќе се врати од официјалната посета на САД, велат од Владата во изјава за МИА. 

– Премиерот Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од официјалната посета на САД ќе ги прими претставниците на синдикатот и ќе се дискутира за изнаоѓање на решение кое ќе биде од полза на работниците и исполнување на нивните права, се вели во одговорот што МИА го побара од Владата.

Оттаму велат дека стремежот на Владата е да се изнајде решение кое ќе биде во насока на подигнување на стандардот на работниците во согласност со буџетските можности. 

– Добро е што лидерите на УПОЗ прифаќаат дијалог наместо рестриктивни и избрзани мерки како протест без да бидат исцрпени можностите за дијалог и изнаоѓање на конечни решенија, велат од Владата.

Вработени во дел од министерствата, Државниот завод за статистика и Државниот архив веќе четири дена одржуваат получасовен предупредувачки протест барајќи додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори. 

Денеска од протестот што се одржа пред Министерството за финансии, преставниците на Синдикатот на УПОЗ информираа дека доставиле барање за средба со Владата, а доколку не се постигне договор не се исклучуваат порадикални чекори. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојаноска: Збор, два за димиТРУЛа “на викенд во Грција” апасиев
Следна Статија Јагуриновски: Oдиме со сите сили на победа против Гвинеја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски,…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај на 20 и 24 октомври – контролорите на летање најавија штрајк

Македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен за сообраќај на 20 и 24 октомври, поради најавен штрајк на контролорите на…

October 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски

Џакузи на тераса, панорамски поглед кон Скопје, пространи дневни соби и големи балкони. Вака изгледаат трите луксузни апартмани во комплексот…

July 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова во Ница оствари средба и со Макрон: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од вчера престојува во работна посета на Ница, Франција, каде учествува на третата Конференција на Обединетите Нации…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?