Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам

Објавено November 22, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета во Република Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.

Мицкоски денеска попладне ќе има одвоени средби со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а потоа и со српскиот премиер, Милош Вучевиќ.

Во состав на македонската делегација по повод третиот меѓународен саем ќе бидат Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Северна Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Премиерот Мицкоски ќе има обраќање на отворањето на настанот, по што ќе следува прошетка низ саемот.

Вечерва Мицкоски и Амбасадорот на Република Македонија во Република Србија, Никола Тупанчевски, ќе имаат свои обраќања на македонската вечер што ќе се одржи во хотелот Хајат.

На третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград од 22-24 ноември ќе бидат претставени 650 изложувачи од 38 земји.

Покрај тоа, посетителите ќе можат да уживаат и во Гастро театарот – презентација на најдобрите ресторани и хотели од Србија, Северна Македонија и Албанија, каде што ќе се подготви комплет мени од три јадења во комбинација со вина избрани од најдобрите сомелиери од Србија.

Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.

Еден од најатрактивните сегменти на саемот ќе биде доделувањето на „ Винскиот трофеј на Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 23 ноември. Тогаш ќе бидат прогласени најдобрите вина на фестивалот, а жирито составено од 26 меѓународни вински експерти, меѓу кои и шестмина носители на титулата „Мастер на виното“, ќе оцени речиси 1.000 примероци вино.

Ќе се оценуваат вината од Србија, Македонија, Албанија и други балкански земји, а најдобрите примероци ќе бидат наградени со златни, сребрени и бронзени медали. Исто така, за вината на членовите на Иницијативата Отворен Балкан ќе бидат доделени национални

Гости на Белград ќе бидат и лидерите на кулинарската и прехранбената индустрија: британскиот готвач и амбасадор на британската кујна Алан Коксон, главниот готвач и сомелиер Драган Униќ, вториот потпретседател на Светската асоцијација на мајстори на готвачи Даниел Ајтон, познатиот италијански готвач Џанлука Томази, како и директорот на Кулинарската олимпијада Даниел Шаде.

Централното место на Белградскиот саем ќе го заземе заедничкиот штанд на трите национални туристички организации на земјите од Отворен Балкан, каде заеднички ќе ја презентираат туристичката понуда и културното наследство на сите три земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Роналдо го угости најпопуларниот jутјубер во светот: „Се плашиш да не те надминам?“
Следна Статија За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје, Владата обезбеди нафта за ЈСП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.  Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!

Најновите наоди од теренските истражувања на неолитската населба Влахо кај Живојно во Пелагонија, која е една од најстарите од овој…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Ќе бидам градоначалник на сите, од денес Скопје испишува нова страница

Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја…

November 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција против криминалци

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив, не очекувам дека ќе биде лесна…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?