Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за ЕУ интеграцијата: Не сум авантурист, додека јас ја водам Владата, вака конципирани уставни измени нема да има
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за ЕУ интеграцијата: Не сум авантурист, додека јас ја водам Владата, вака конципирани уставни измени нема да има
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за ЕУ интеграцијата: Не сум авантурист, додека јас ја водам Владата, вака конципирани уставни измени нема да има

Објавено December 31, 2024 14:50
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека уставни измени нема да има без добиени гаранции од Брисел, односно, како што вели, заеднички изготвен јасен план дека нема понатамошна билатерализација на процесот на пристапување.

-Очекувам дека македонското досие конечно во Брисел ќе добие светлина, и очекувам дека ќе седнеме заедно со луѓето во Брисел да разговараме и да направиме план и сценарио како до самиот крај, а не само за првите една или две пречки.

Сакам да видам план во кој што ќе учествуваме активно како да дојдеме до самиот крај.

Се разбира, никој не може нас да ни гарантира дека ќе дојдеме во одреден временски период, но може да ни гарантира дека немаме повеќе проблем со билатерални прашања.

Затоа што ние милиментар не сме се поместиле овие 20 години, поради билатералните прашања.

Не дека ние сме брилијантни дома, но има многу земји членки кои што станале земји членки па не биле брилијантни.

Да бидам подиректен, не секогаш станува збор за кластери и поглавја, туку има и политичка волја и одлука.

Очигледно за македонското досие таква политичка волја и одлука во изминативе 20 години немало.

Ова е двосмерна улица, ние сме поготвени нашата насока да ја возиме, но дали вистински е подготвен Брисел да тие ја возат својата насока – не декларативно, не тапкање по рамо, не испраќање пораки, да седнеме и да направиме јасен план.

Ете тоа очекувам од Брисел, вели Мицкоски на новинарско прашање на заедничката прес – конференција во владиниот медија – центар со министерката Весна Јаневска.

  На дополнително прашање дека од Брисел се инсистира на уставни измени за продолжување на европскиот пат и за изјавата на спикерот Африм Гаши дека за тоа е потребна политичка волја кај најголемата владеjачка партија, Мицкоски потврди дека додека тој ја води Владата и е на чело на ВМРО-ДПМНЕ измени на Уставот нема да има, без добиените гаранции од ЕУ.

 -Да, нема да има политичка волја додека јас ја водам Владата и додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а без ВМРО-ДПМНЕ уставни измени нема да има, тоа треба на сите да им е јасно.

Вака како што се конципирани – нема, и нема ни да има.

Затоа што јас не сум авантуриста ни егзибициониста во мојот живот, газам на цврста штица и ако носам каква било одлука таа одлука сакам да значи крај на еден процес, а не само почеток.

Кога некој во Брисел ќе биде подготвен да разговара со мене за крај на процесот, тогаш јас ќе бидам подготвен, рече Мицкоски оценувајќи ја изјвата на Гаши како интелигентна бидејќи е свесен за реалноста во земјава дека без ВМРО-ДПМНЕ нема уставни измени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа бракоразводна спогодба по осум години
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште в недела

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Делчево се меѓу 21 општина со по двајца кандидати за градоначалник и најверојатно таму граѓаните…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отворена предистрага за дупката од над седум милиони евра во Агенцијата за одземен имот

Недостасуваат седум милиони евра во државниот буџет, кои од страна на Агенцијата за одземен имот не биле уплатени, а се…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Укината забраната за камиони и на патниот правец Маврово – Дебар

Од 16:05 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.…

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?