Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите

Објавено January 7, 2025 12:43
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите бегалци од правдата да се вратат во земјава и да се соочаат со доказите за да може да се види дали се виновни.

– Не би сакал да шпекулирам. Но, ги повикувам сите оние бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите, аргументите и доказите пред органите за да можеме да извлечеме заклучок дали тие се виновни за тоа за кое што постои основано сомневање. Не би можел да откривам било какви детали поврзани со белаците од правдата – рече Мицкоски прашан дали Владата има соработка со албанската Влада бидејќи по некои информации Груби се наоѓа на албанска територија.

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“ Прпарим Бајрами, се бара со меѓународна потерница во врска со злоупотребите во Државната лотарија во вредност над осум милиони евра. По барање на Јавното обвинителство, им е определен притвор во траење од 30 дена.

Груби е ставен и на црната листа на Стејт департментот на Соединетите американски држави на 9 декември заедно со судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Оваа година ќе биде година на напредок
Следна Статија Филипче: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за да го смени името на Македонија

Првиот претседател на Македонија Киро Глигоров се споменува во декласифицирани документи од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА –…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бендевска наместо Гаши ќе ја предводи делегацијата во Прохор Пчински и во Пелинце

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, потпретседателката…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе создадеме стратешки документ кој што ќе биде патоказ за сите идни Влади

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Националната развојна стратегија, која…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор

Генерално, во текот на денот, деновиве, имаме по најмалку 20, па некаде до кај 30 пожари на отворен простор, некои…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?