Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите

Објавено January 7, 2025 12:43
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите бегалци од правдата да се вратат во земјава и да се соочаат со доказите за да може да се види дали се виновни.

– Не би сакал да шпекулирам. Но, ги повикувам сите оние бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите, аргументите и доказите пред органите за да можеме да извлечеме заклучок дали тие се виновни за тоа за кое што постои основано сомневање. Не би можел да откривам било какви детали поврзани со белаците од правдата – рече Мицкоски прашан дали Владата има соработка со албанската Влада бидејќи по некои информации Груби се наоѓа на албанска територија.

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“ Прпарим Бајрами, се бара со меѓународна потерница во врска со злоупотребите во Државната лотарија во вредност над осум милиони евра. По барање на Јавното обвинителство, им е определен притвор во траење од 30 дена.

Груби е ставен и на црната листа на Стејт департментот на Соединетите американски држави на 9 декември заедно со судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Оваа година ќе биде година на напредок
Следна Статија Филипче: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Испративме протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во Капиштец

За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар. Испративме протестна…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот

Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот на листата на air visual.  Њу Делхи во Индија и Лахоре во…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Правењето на фама околу Јени Џамија е еден од класичните примери за тоа како ДУИ тоне во сопственото политичко мочуриште…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Виена ја повика македонската дијаспора да се врати дома

Премиерот Христијан Мицкоски во Виена остварил средба со нашите сограѓани од македонската дијаспора, со кои, како што објави, разговарале отворено…

April 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?