Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за историскиот договор: Здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови 5% заклучно со мартовската плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за историскиот договор: Здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови 5% заклучно со мартовската плата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за историскиот договор: Здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови 5% заклучно со мартовската плата

Објавено November 25, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање на тема здравство, во однос на тоа дека е постигнат  договор со синдикатите и од кога ќе започне официјално да важи или да тече исплатата на повисоки плати за докторите и другиот медицински кадар.

Да, еден од низата на историски договори што во овие пет месеци ги постигневме е и тој со Синдикатот, односно со здравствените синдикати, бидејќи беа повеќе таму на број. Од овој месец, од ноември практично, здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови пет проценти заклучно со мартовската плата која што ќе биде исплатена во 2026 година. И во зависност од состојбата во Буџетот, продуктивноста и така натаму, во еден циклус од четири години можеме да дојдеме до педесет проценти повисока парична маса којашто ќе биде насочена кон докторите и медицинскиот персонал, да се разбереме и медицинскиот персонал болничарите, сестрите и така натаму. Така што еден од тие би рекол историски договори е и тој, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина Митрополит Тимотеј
Следна Статија Мицкоски очекува тендерот за автобуси за јавниот градски превоз да се распише до крајот на годината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агелер: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет

Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, посочи…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Христовски: Полиграфско тестирање и отворени врати за надзорни тела во АНБ

Бојан Христовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност во вечерашното интервју за емисијата Код, рече дека од првиот ден…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет

Од понеделник во јавниот градски превоз се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Нивни претставници денеска изјавија…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава,…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?