Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме

Објавено January 31, 2025 10:12
Сподели
Сподели

На седницата на Собранието посветена на пратенички прашања во четвртокот, премиерот Христијан Мицкоски се осврна на изградбата на објектите на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, но и за состојбите во образованието од аспект на намалените демографски параметри.

Образованието за нас е приоритет затоа што не може да имате силна држава без силно образование, рече премиерот и продолжи: Во високото образование од каде што доаѓам и јас, изградбата на инфраструктура е многу значајна. Генерално дали се работи за новиот кампус кој планираме да го градиме за универзитетот Мајка Тереза, дали тоа значи изградба на новите згради на факултетите ФИНКИ и ФФК, дали ќе правиме некој нов технолошки парк кој што ќе биде значаен, за мене како претседател на Владата преставува само додадена вредност. Кога вложувате во високо образование, секогаш можете само да добиете, не можете да изгубите.

Тој посочи дека овие згради на факултетите ќе бидат изградени, а со студентите ќе се договори стилот на архитектурата.

Дали тоа ќе биде во постар барок стил, дали во модерен стил, студентите нека кажат. Тие како сакаат така ќе биде. Ние нема да наметнуваме, посочи премиерот Мицкоски.

Она што мене ме загрижува е она што оваа учебна година 2024/2025 за жал матурирале само околу 14.000 матуранти. Ако се вратиме 18 години наназад, тогаш ќе видиме дека околу 10.000 луѓе ни се изгубени. Тоа е нешто кое за мене претставува предизвик, потцрта Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ниту овие 14.000 матурирани ученици не се запишуваат на факултетите, со оглед на тоа што на Универзитетот Кирил и Методиј се запишале само 5.000 студенти, а тој запишува повеќе од половината студенти. Тоа според него е загрижувачки параметар, особено ако се земе бројот на новородени сега кои за 18 години ќе бидат потенцијални студенти.

Овие згради ќе ги изградиме, и кампусот на универзитетот Мајка Тереза ќе го изградиме, и други ќе изградиме, но се плашам да не бидат празни за 10-15 години од сега. Затоа ни е потребно да седнеме сите заедно и да креираме нова парадигма и цел каде сакаме да бидеме. На безумието мора да му дојде крај. Не е се политика и не е се желба за власт и моќ, заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова е судијката која го ослободила од притвор Васил кој ја усмрти Фросина
Следна Статија Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат, утеха ни на небо ни на земја: Таткото на Фросина се простува од неа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Предлог за нов министер за здравство најдоцна до 12 јуни

На денешната прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, доби прашање дали е познат предлогот за нов министер за здраvство.…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски чистеше со хигиеничарите на повеќе локации низ Центар: Се надевам дека градската власт ќе се свести

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Притвор за Крешник Бектеши

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме, ќе продолжиме да промовираме европски вредности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?