Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила
ЕКОНОМИЈА

Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила

Објавено November 27, 2024 11:50
Сподели
Сподели

Костал Македонија влегува во третата фаза на инвестицискиот циклус вредна помеѓу 45 и 50 милиони евра, со што се отвора простор и за нови 250 работни места. Во Охрид ќе се произведуваат и оттаму до сите локации на Фолксваген ќе се доставува најсофистицирана опрема за автомобилска електроника, која ќе се вградува во најсовремените модели на возила. Во овие рамки ќе се реализира уште еден проект, поврзан со „Мерцедес“, вели генералниот директор на Костал Македонија, Виктор Мизо.

„Длабоко навлегуваме во дејноста енергетска електроника на плаг-ин хибридни и електрични возила. За Фолксваген групацијата, за сите возила од новата програма, сѐ ќе се прави во Охрид и ќе се доставува на сите нивни локации. Вториот проект во овие рамки е производството на напредни мехатронски системи за Мерцедес“, изјави Мизо пред денешното официјално означување на стартот од оваа фаза во нивните активности.

Со ова вложување вкупната инвестиција на германската групација ќе надмине 150 милиони евра. Притоа, значаен е и бројот од околу 1.300 работни места. Дел од потребната опрема за производство е веќе донесена во охридската фабрика, а исто така, реализирани се и дел од вработувањата.

На денешниот настан ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Минатата година Костал Македонија беше рангиран како деветти најголем извозник од државата. На македонскиот пазар успешно опстојува осум години проследени со континуиран развој и инвестиции. На списокот клиенти со кои соработува, покрај Групацијата Фолксваген (фолксваген, ауди, порше, шкода, сеат) и Мерцедес, се и БМВ, Јагуар, Ланд Ровер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста
Следна Статија ОВА се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски со поддршка за протестот на превозниците: Ова е едно навремено предупредување, постојат три решенија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беше присутен на ГП Блаце, по најавата на транспортните…

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Митева: Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање

Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот кој вчера наиде на бројни критики од страна на…

December 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Телекомуникациските услуги поскапи за еден процент во вториот квартал на годишно ниво

Во вториот квартал годинава споредено со истиот квартал од минатата година цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за…

August 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: До 30 јуни истекува рокот за првите пријави за минималниот глобален данок

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување…

June 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?