Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Мона Лиза“ ќе биде сместена во посебна соба- повисоки цени на влезници во обновениот Лувр
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Мона Лиза“ ќе биде сместена во посебна соба- повисоки цени на влезници во обновениот Лувр
ЗАБАВА

„Мона Лиза“ ќе биде сместена во посебна соба- повисоки цени на влезници во обновениот Лувр

Објавено January 29, 2025 10:42
Сподели
Сподели

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека музејот Лувр ќе биде редизајниран, обновен и зголемен, со цел да стане „епицентарот на историјата на уметноста за Франција и целиот свет“.

Планот наречен „Нова ренесанса“ предвидува преселба на „Мона Лиза“ во посебна соба и креирање нов влез до 2031 година.

Тоа ќе го врамнотежи начинот на посета на музејот и повторно ќе им го врати на парижаните. Новиот Лувр ќе може да прими 12 милиони посетители годишно, наспроти сегашните речиси девет милиони“, изјави Макрон.

Тој ѝ наложи на министерката за култура Рашида Дати да подготви нови, повисоки цени на влезници за посетителите кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ, што би стапило на сила во 2026 година.

Макрон ги најави промените неколку дена откако директорката на Лувр, Лоранс де Кар, се пожали дека посетите на музејот станале физичко искушение бидејќи толпите туристи, протекувањето и неквалитетната услуга го нарушуваат работењето на најпосетуваниот музеј во светот. Иако дизајниран да прима четири милиони туристи годишно, лани оваа бројка била повеќе од двојно поголема – 8,7 милиони, од кои 70% биле странци.

Посетата на Лувр сега е физичко искушение. Треба време за да се пристапи до уметничките дела и тоа не е секогаш лесно. Посетителите немаат простор за одмор. Опциите за храна и тоалети се недоволни по обем и се под меѓународни стандарди“, рече таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиновска-Ванделт: Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија
Следна Статија Граѓаните се повикуваат на бојкот на продавниците во петок и преку летоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Брачен пар од Лондон поднесе тужба за рушење облакодер вреден 35 милиони фунти, бидејќи им ја блокира светлината при читање

Парот од Лондон, Стивен и Џенифер Пауел, сопственици на луксузен стан на јужниот брег на реката Темза, поднеле тужба против…

March 21, 2025
ЗАБАВА

Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи

Кашмира Булсара (73), сестрата на легендарниот Фреди Меркјури, наводно е бесна на неговата поранешна девојка Мери Остин затоа што ги…

April 24, 2025
ЗАБАВА

Бугарка е новата девојка на Бастијан Швајнштајгер? (ФОТО)

Бугарката Силва Капитанова наводно е новата девојка на Бастијан Швајнштајгер, според светските медиуми. Пред неколку дена, германскиот „Билд“ го шокираше…

June 10, 2025
ЗАБАВА

Познат турски астролог предвидува голем пресврт во мај за овие три хороскопски знаци

Мај 2026 година носи значајни промени за Ракот, Бикот и Шкорпијата. Ѕвездите се на нивна страна, а животот се менува…

April 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?