Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мора да не биде и ќе не биде, патот до членството во ЕУ ќе ни се отвори – убеден е Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мора да не биде и ќе не биде, патот до членството во ЕУ ќе ни се отвори – убеден е Мицкоски
Blog

Мора да не биде и ќе не биде, патот до членството во ЕУ ќе ни се отвори – убеден е Мицкоски

Објавено November 9, 2024 15:34
Сподели
Сподели

Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине „хирингот“ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија. Мислам дека низ таа оптика таа ги гледаше тие пораки и јас низ таа оптика ги гледам тие пораки. Убеден сум дека во периодот што следи, низ заеднички разговори, конечно, по 2,5 децении патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ ќе биде широко отворен и ќе се вреднува врз основа на постигнувањата и компетенциите, а не поради билатералните прашања. Убеден сум дека ќе успееме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на еврокомесарката Марта Кос според која, земјава треба да ги спроведе уставните измени.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски порача дека „мора да не биде и ќе не биде“, а ваквиот оптимизам го темели, како што напомена, на сите досегашни средби со релевантните светски лидери, реализирани во изминатите речиси пет месеци.

Разговорите со францускиот претседател Макрон, премиерот ги квалификува како суштински дијалог. На средбата во Будимпешта, информира, со Макрон разговарале не само за македонските евроинтеграции, туку и за многу заеднички проекти во областа на економијата, инфрастуктурата, здравството,…

Кога би заокружил се за помалку од пет месеци, можам да им порачам на граѓаните дека мора да не биди и ќе не биде. Да бидеме оптимисти. Успеавме да се сретнеме со сите релевантни светски лидери за толку кратко време, нешто што порано не беше возможно ниту во еден мандат. Видов одредени натписи на одредени портали кои ја поддржуваат работата на опозицијата, како моите средби ги споредуваат со средбите на некои други лидери во околината, но кога би ја објавувал секоја слика со секого со кого ќе се поздравам, би изгледало тривијално. Мислам дека е покорисно да се објавуваат вистински, суштински средби во кои има суштински дијалог. Таква беше средбата со францускиот претседател. Покрај прашањата поврзани со ЕУ интеграцијата на нашата земја, зборувавме и за соработката во економијата, имаме многу проекти во инфраструктурата, здравството кои ни се важни и кои како влада со влада може да ги реализираме, комуникацијата продолжува, дента имавме можности често да бидеме заедно и да разговараме за многу отворени теми – истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на три делници кај Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес
Следна Статија Мицкоски: Граѓаните очекуваат резултати од нас, во моментот се реконструираат три патни правци во општина Велес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Лав – понеделник, 27 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Спој на горделивост, харизма, великодушност, креативност и одлуčenост може да те води низ денот. Сепак,…

January 27, 2025

Починато лице пронајдено во мотел во Ѓорче Петров, телото на обдукција

Во СВР Скопје вчера во 16.48 часот било пријавено дека во мотел на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат…

November 3, 2024
Blog

Почина Чарлс Долан, основачот на HBO

Почина Чарлс Долан, бизнисменот кој го создаде HBO во раните 1970-ти пред да ја претвори малата кабелска компанија на Лонг…

December 29, 2024
Blog

Екс-Градоначалник со милионски суми како адвокат

По завршувањето на мандатот во 2021 година и поразот на локалните избори, Петре Шилегов, тогашниот градоначалник на Скопје, тивко се…

September 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?