Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски – Бербок: Нагласена силната поддршка за европската интеграција на Македонија и потврдено цврстото пријателство помеѓу двете земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Муцунски – Бербок: Нагласена силната поддршка за европската интеграција на Македонија и потврдено цврстото пријателство помеѓу двете земји
ПОЛИТИКА

Муцунски – Бербок: Нагласена силната поддршка за европската интеграција на Македонија и потврдено цврстото пријателство помеѓу двете земји

Објавено October 15, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок, што претставува прва официјална средба на двајцата министри по преземањето на министерската позиција на МНРНТ Муцунски.

Фокусот на разговорите на средбата беше за одличните политички и економски односи помеѓу двете земји и цврстото партнерство во изминатите 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, за поддршката на Германија на нашиот евроинтегративен пат, како и за други актуелни теми од регионален и европски безбедносен аспект.

Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка и ангажманот на Германија за досега постигнатиот напредок на нашата земја на патот кон ЕУ, како и за посветеноста на Германија за забрзување на целокупниот процес на интегрирање на земјите од Западен Балкан, особено во рамки на иницијативата на Берлинскиот процес.

Германија е предводник на европската перспектива на нашата земја и на целиот регион, а силниот фокус на спроведување на реформите останува во центарот на пристапот на новата влада, нагласи Муцунски.

Министерот Муцунски истакна и дека Германија е клучен политички и економски партнер на нашата земја и еден од најголемите трговски партнери во годините наназад, при што изрази очекување за натамошно јакнење на економското партнерство меѓу двете земји и зголемување на обемот на трговска размена преку нови форми на заемна соработка.

На средбата и во рамките на прес-конференцијата, министерот Муцунски изрази убедување дека деблокадата на евроинтегративниот процес преку одржување на втората меѓувладина конференција и итен почеток на преговорите не само што ќе ја зајакне европската реформска агенда во Регионот, туку истиот ќе го направи и многу поотпорен на влијанијата од трети земји, притоа тој нагласи дека деблокирањето на нашиот евроинтеграциски процес е прашање од стратешки и безбедносен интерес, како за Регионот, така и за постојаните заложби на ЕУ.

Говорејќи за евроинтеграцијата и европската перспектива на Република Северна Македонија, германската министерка за надворешни работи Ана Бербок истакна дека само обединета Европска Унија која нема да биде блокирана од поединечни земји членки, може во кризни времиња целата своја тежина да ја стави на вагата на глобалната политика.

На нас како Германија ни е посебно важно, да напредуваме во квалификуваното мнозинство, а не само во едногласното одлучување, што би значело дека во пристапниот процес би можеле да одлучуваме со мнозинско, а не едногласно одлучување, нагласи таа во својата изјава.

Потенцирајќи ја силната поддршка од Германија и фактот дека македонската влада посветено напредува во реформскиот процес, германската министерка Бербок ја спомена важноста на реформите во правосудството, борбата против корупција и зајакнување на правната држава.

Бербок ја нагласи и нашата улога во регионалните иницијативи и притоа додаде дека Република Северна Македонија до сега преземала сериозна одговорност, пред се во рамки на „Берлинскиот процес“, а потоа и во мултилатералните иницијативи на меѓународната сцена, односно во Советот за човекови права на Обединетите Нации и Извршниот совет на организацијата за забрана на хемиско оружје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќерката на Навални работи во изборниот штаб на Камала Харис
Следна Статија СВР Скопје ги фати четворицата вмешани во вчерашното пукање во Чаир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВРЕДИ бара одговори од Бујар Османи: Зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на МНР

Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на СРЦ „Борис Трајковски“ за изминатиот период, укажа дека нема евиденција што…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што СДС за 7 години не им успеа, ВМРО-ДПМНЕ го средува за 6 месеци

Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за пуштањето на патот Страцин – Паланка. Господата од СДС, изминативе седум години,…

January 4, 2025
ПОЛИТИКА

Чонески: Да ставиме крај на недомаќинското работење на актуелната локална власт во Крушево

Нико Чонески во вториот круг на локалните избори ќе се бори за градоначалничкото место во Крушево. За градот кој го…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?