Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки

Објавено December 14, 2024 16:00
Сподели
Сподели

За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Спроведена е внатрешна постапка во МНР, информациите кои стигнаа до мене се навистина многу загрижувачки. Ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки, а понатаму ќе имаме обврска, да ги информираме релевантни институции од правосудството, но што ќе преземат тие излегува од наша надлежност и преминува во нивна надлежност, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во МНР, Муцунски напомена дека вакви ситауции не смеат да се повторуваат и најави максимално почитување на Законот за надворешни работи.

-Треба да му биде секому јасно дека од тоа што го видов сум загрижен, а се изразувам многу дипломатски кога велам. Вакви состојби не смеат да се повторуваат, посебно кога индициите укажуваат дека штетата е во шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Беше спомнат и терминот тужба, и другата страна ќе има право да приложи свои аргументи и докази. Тоа што го видов е за одредени ноторни состојби, ноторни факти, но секој има право да ги даде своите аргументи, рече Муцунски на прес-конференција.

Што се однесува до најавата на кое било лице дека ќе поднесе тужба против МНР или некој друг, тоа е, истакна Муцунски, негово право.

-Јас тука ништо не можам да спорам, но сум убеден дека откако МНР е раководено од моја страна внимаваме секогаш максимално да се почитуваат законите и процедурите, што, за жал, морам да констатирам, не било пракса додека ова Министерство било раководено од мојот претходник. Најеклатантен пример е последното отповикување на генералниот конзул во Њу Џерси каде лицето било именувано на таа позиција спротивно од одредбите на Законот. Таква пракса не смееме да дозволиме, треба да бидеме репер за почитување на законите, рече министерот.

Муцунски подвлече дека некои дипломати редовно се отповикуваат, зашто им е истечен мандатот, но има и други случаи, како оние со Фрчковски, Андреј Жерновски и Весел Мемеди.

-Има различни ситуации, една е онаа со поранешниот амбасадот Фрчковски кого го повикав на консултации, но не дојде и си даде оставка. Тој, по свој избор, веќе не е амбасадор во ОН. Имаме специфична ситуација и со амбасадорите Жернопвски и Мемеди, така да ги именувам, која е се уште во процедура, во комуникација меѓу МНР, Владата и претседателката, а има и ситуации на редовни отповикувања на амбасадори заради завршување на нивниот мандат, рече Муцунски.

Тој најави дека во најскор можен период ќе бидат пополнети сите клучни амбасадорски позиции, а во 2025 година, целта е да бидат пополнети и сите ДКП-а.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кон крај на јуни и на почеток на јули ќе почне изградба на ветерниот парк кај Штип кој ќе произведува електрична енергија
Следна Статија Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Taжната приказна на биографот на Гоце Делчев

Смртта на првиот биограф и близок соработник на Гоце Делчев, Пејо Јаворов, е посебна приказна, која, да имавме малку ум,…

July 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци, во вредност од 48 милиони денари

Навистина, прилично голема динамика на реализација на капиталните проекти овде во Општина Кавадарци, и ја користам оваа прилика да му…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание, Единицата…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?