Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја
ПОЛИТИКА

Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја

Објавено October 3, 2024 19:29
Сподели
Сподели

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски зема учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Совет на Европа, која се одржува од 30 септември до 4 октомври 2024 година во Стразбур.

Во своето обраќање, министерот Муцунски се осврна на прашањето со Бугарија, потенцирајќи дека интеграцијата на нашата држава во Европската Унија е од заеднички интерес за целиот регион.

-Да зборуваме за она што не обединува и за тоа што можеме да го направиме заедно. Придвижувањето на нашиот пат кон ЕУ е важно не само за нас, туку и за нашите соседи, кои ќе имаат најголеми придобивки од нашето членство.

Министерот исто така зборуваше за третманот на малцинствата во двете земји, бугарското малцинство во нашата држава и македонското во Република Бугарија.

-Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја, но ако постои таков случај, подготвени сме да разговараме и да работиме институционално за негово решавање. Ајде заедно да ги унапредуваме правата на малцинствата во двете земји. Секој предлог за подобрување го прифаќаме со отворени раце, но и ние имаме право да дадеме примери каде и Бугарија мора да се подобри, особено во врска со пресудите на Европскиот суд за човекови права, истакна Муцунски.

Во завршницата на своето обраќање, министерот се осврна на иднината на регионот, која ја гледа како дел од ЕУ.

-Ние, како млада генерација политичари, можеме да учиме од историјата, но и да гледаме напред – кон вештачката интелигенција, трговијата и можностите за соработка меѓу нашите земји. Сите наши соседи ги сметаме за пријатели и ќе продолжиме да се однесуваме така. Ајде заеднички да го придвижиме регионот напред на патот кон Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Блумберг: Израелските удари на иранските нафтени постројки ќе предизвика глобална криза
Следна Статија По кој параметар Албанија е поподготвена од нас, праша Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори. „Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието…

August 8, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Документите потврдуваат голем скандал во Куманово, Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра

Денес ги објавуваме документите за најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и…

May 8, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски за новиот закон по „балансерот“: Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите за новиот Закон за правична застапеност…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче до ТВ Алфа: Ве фаќа паника, газдата ви изгуби власт во Унгарија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска влезе во директен судир со некои медиуми поради нивната уредувачка политика и сопственичка структура…

April 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?