Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски за евроинтеграциите: Да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски за евроинтеграциите: Да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери
МАКЕДОНИЈА

Муцунски за евроинтеграциите: Да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери

Објавено January 15, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Нашиот пристап е да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери во делот на испорачаните реформи и во усогласеноста со заедничката безбедносна политика на Унијата. Сакам Европската Унија да каже:

-Оваа е владата што испорачува реформи, но истовремено да изнајдеме рационално решение со Бугарија кое ќе гарантира дека по шест месеци нема да се вратиме на позиција каде тие повторно ќе најдат причини да ги блокираат нашите евроинтеграции, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Топ Тема“.

Муцунски зборуваше за актуелното расположение во Брисел во однос на проширувањето на Унијата и потребата од предвидливост на процесот. „Ме радува што реториката од чинителите во Брисел вклучува дијалог и изнаоѓање рационални решенија, а не само уставни измени – промена што како влада успеавме да ја иницираме во последните шест месеци,“ додаде тој.

Суштината, според Муцунски, е обезбедување предвидливост на патот кон членството, што во моментот може да се постигне преку уставни измени со одложена примена. „Ако чинителите во Брисел имаат други идеи за предвидливост, отворени сме за дијалог, но преку консултации со експертската заедница, невладиниот сектор и јавноста,“ нагласи тој.

Министерот истакна дека владата нема да се однесува аматерски и парадерски, како што тоа било случај во минатото, туку ќе покаже професионален и стратегиски пристап. „Треба да се бориме, но и да бидеме свесни за нашите силни страни – стратешката позиција на нашата држава и фактот дека Европската Унија не може да си дозволи уште една грешка во однос на нашата интеграција,“ посочи тој.

Во однос на решавањето на проблемот со Бугарија, Муцунски нагласи дека најдобро е тоа да се постигне со политичка влада која ќе има целосен легитимитет.
-Гледајќи низ призмата на лошата пракса од минатото, сметаме дека разговорите треба да се водат со влада со целосен политички легитимитет, истакна министерот.

Муцунски зборуваше и за стратешкото партнерство со САД, за кое очекува во иднина да се продлабочува, како и за измените на Законот за надворешни работи.

-Овие измени, кои предвидуваат професионализација на дипломатаија, се историски според нивната суштина, рече тој.

Во делот на именувањето на идните амбасадори, министерот посочи дека приоритет ќе биде пронаоѓањето на најдобрите можни кадри, било од Министерството за надворешни работи или од академската и општествената заедница, кои во минатото се покажале како исклучителни професионалци што работат во интерес на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова тужба против Диди: „Ме силуваше кога имав 16 години и ме остави во фоајето на зградата“
Следна Статија Вучиќ: Анкета вели дека мнозинството граѓани на Србија се за моја смена, предлагам референдум

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка на Водно: Диви свињи шетаа по улиците и влегоа во двор

Се појави несекојдневна сцена во скопската населба Водно. На видео кое кружи на социјалните мрежи се гледаат четири диви свињи…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста

Иницијативата „Шанса за Центар“ алармира за хаотична и контроверзна градба што се изведува во срцето на Дебар Маало, во непосредна…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“

Во пожарот што попладнево изби во атарот на селото Церово во Општина Желино, во моментот, според информациите од Центарот за…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Биковиќ: Иницијатива за инвестиција во Берово

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со познатиот актер Милош Биковиќ. Тој по потекло е од убавиот македонски град Берово. -Разговаравме…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?