Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци
МАКЕДОНИЈА

МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци

Објавено November 4, 2024 18:51
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури.

Тошковски го изјави ова по прашањето дали МВР ќе го провери сертификатот за англиски јазик на директорот на АБН, Бојан Христовски, за кој постојат наводи дека е невалиден. Тој истакна дека МВР ќе постапува согласно законските прописи и дека се преземени процесни дејствија во неколку постапки.

Во изминатиот период од МВР се преземени процесни дејствија во неколку постапки, тие се како завршно дејствие на претходни предистражни дејствија кои што траеле многу повеќе од десетина дена. Така што сметам дека во рамки на она што ни е надлежност ќе настапиме, рече тој во изјава за медиуми по денешната прес-конференција на ЗНМ по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите.

Во однос на прашањето дали смета дека Христовски треба да поднесе оставка, министерот одговори дека смета дека, како што рече „не треба да навлегувам во тој дел“.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, потврди дека се стигнати анонимни пријави против Христовски, кои се здружени во еден предмет и ќе бидат предмет на истрага.

Минатата недела во ОЈО се стигнати анонимни пријави против сегашниот директор на АНБ. Тие се здружени во еден предмет и ЈО ќе постапува. Во овој момент не можеме да ви дадеме никакви информации со оглед дека пријавите се штотуку распоредени, односно дадени на одреден јавен обвинител, изјави државниот јавен обвинител.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, е под истрага поради наводи дека неговиот сертификат за англиски јазик е фалсификуван. Според информациите, Христовски поседува ТОЕФЛ-сертификат издаден од непостоечки испитен центар во Пловдив, Бугарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Би-Би-Си: Десет причини зошто и Трамп и Харис би можеле да победат
Следна Статија Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост: Секој изгубен живот остава трага во општеството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот уште 50

Забранети се околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа, кои немаат извадено лиценца во Македонија, информираше денеска министерот за…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Падна кран во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, објавуваат повеќе медиуми. Кранот, како што пишуваат, е срушен врз…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?