Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со детали: Началник доби кривична пријава за загрозување на сигурноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР со детали: Началник доби кривична пријава за загрозување на сигурноста
ХРОНИКА

МВР со детали: Началник доби кривична пријава за загрозување на сигурноста

Објавено January 20, 2025 19:09
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 и „затајување“, казниво по член 239 став 3 од Кривичниот законик.

На 12.01.2025 во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата.

Исто така, на 13.01.2025, С.Б. противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи .

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против пријавениот ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Време е за поднесување ДДВ-04 пријавите!
Следна Статија Безос, Закерберг, Пичаи, но и Ходорковски, учествуваа на инаугурацијата на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пијан скопјанец со закани ја внел екс партнерката во автомобил, па ја нападнал

На 18.02.2026 во 22:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода П.Г.(50) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава…

February 19, 2026
ХРОНИКА

Возач прегази жена во Ченто, па избега

Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов- Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Избеганиот полицец од Штип утрово се пријавил, сега е пред судија на претходна постапка, потврдија од ОЈО

Денеска се пријавил во Обвинителството пензионираниот полицаец С.Д. од Штип, кој вчера не беше достапен на органите на прогнот. –…

April 17, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт за петмина турски државјани инволвирани во убиството на Енес…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?