Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила

Објавено October 4, 2024 13:39
Сподели
Сподели

МВР излезе со детали за тешката сообрќајна несреќа што се случи вчера на патот Прилеп-Битола, при што три лица загинаа, доктори кои од Прилеп оделе на работа во Болницата Плодност во Битола.

„На 03.10.2024 во 07.45 во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(42) од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола, при што настанал пожар во двете возила.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Н.В. и А.Р.(74) и Ф.Ј.(51), двајцата од Прилеп, сопатници во патничкото возило“, информираат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Возачот Г.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Прилеп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Ја укинавме забраната од 2022 година, лекарите ќе може од приватното здравство да се вратат во јавното
Следна Статија Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, Јабланица отсечена (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Супорт Кочани“ : Собравме близу 11 милиони денари и ги поделивме на 137 лица

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат…

November 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува убава вест од САД за Македонија: Тарифите за 64 стратешки производи ќе се намалат на 0 до 6 проценти

Очекувам денеска убава вест, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува поволна одлука за тарифите од…

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и четири години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце

Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот Цветан Трипуновски имал арогантен однос, синдикатот бара да биде сменет

Дали министерот Трипуновски, ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата? Ќе биде ли сменет министерот за земјоделство, кој во…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?