Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 100.000 лица протестираа во Валенсија поради лошата реакција на власта за поплавите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Над 100.000 лица протестираа во Валенсија поради лошата реакција на власта за поплавите
СВЕТ

Над 100.000 лица протестираа во Валенсија поради лошата реакција на власта за поплавите

Објавено November 10, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Над 100,000 лица протестираа во саботата вечерта во Валенсија, на истокот на Шпанија, поради бавната реакција на регионалните власти за време на разорните поплави во кои загинаа повеќе од 220 лица, а на крајот од протесто дојде и до судири со полицијата, јавиваат шпанските медиуми.

Шпанската агенција Ефе, повикувајќи се на владини официјални извори, објавија дека на протестот по улиците на Валенсија синоќа излегле 130,000 лица, обвинувајќи ги локалните власти дека предоцна издале предупредувања за поплави.

Би-Би-Си потврди дека на крајот од протестот гневните демонстранти се судрија со полицијата.

Зградата на градското собрание беше измачкана со кал, а градоначалничkата Марија Хозе Катала на социјалните мрежи објави фотографии од скршени прозорци и видео на кое се гледа пожар.

„Вандализмот не е решение“, напиша таа.

Демонстрантите се собраа синоќа во центарот на Валенсија барајќи оставка од лидерот на регионалната влада Карлос Месон, извикувајќи „Убијци“, јавија британските медиуми.

„Нашите раце се извалкани со кал, вашите со крв“, пишуваше на еден од транспарентите, а демонстрантите ги извикуваа тие зборови.

Дел од нив во знак на протест фрлаа калливи чизми пред општинската зграда.

Жителите на погодените области го обвинуваат Месон дека го издал предупредувањето предоцна – во 20:00 часот на 29 октомври, откако водата веќе поплавила многу околни градови и села.

Месон рече дека предупредувањето би го издал порано доколку телото задолжено за следење на водите навреме ги известило властите за сериозноста на ситуацијата.

Најмалку 223 лица загинаа во поплавите, а речиси 80 лица се уште се водат како исчезнати во најсмртоносните поплави во една европска земја од поплавите во Португалија во 1967 година, кога загинаа околу 500 лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЧЕТИРИ хороскопски знаци ќе доживеат луда среќа на почетокот на 2025 година
Следна Статија Скандал во ракометниот Куп на Македонија, ракометарки си постигнуваа автоголови (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Крипто инвеститор киднапирал и измачувал студент во Њујорк

Инвеститор во криптовалути е изведен пред суд откако беше уапсен под сомнение за киднапирање и мачење на италијански студент во…

May 25, 2025
СВЕТ

Руската војска копа тунел до европските земји!?

 Русија испраќа мигранти преку подземни тунели од Белорусија во Европа како дел од својата хибридна војна против Западот, објави „Телеграф“.…

February 25, 2026
СВЕТ

(Фото) Објавенo e што сè е украдено во неверојатниот грабеж во Лувр: спасена e круната на царицата Евгенија

Музејот Лувр во Париз вчера утрото беше местото на еден од најспектакуларните и најдрските грабежи во неговата историја. За само…

October 20, 2025
СВЕТ

Могерини поднесе оставка поради корупцискиот скандал што ја потресе ЕУ

Федерика Могерини, поранешната висока претставничка на ЕУ, поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа откако беше осомничена во…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?