Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најбогатото француско семејство „влегува“ во фудбалот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Најбогатото француско семејство „влегува“ во фудбалот
Blog

Најбогатото француско семејство „влегува“ во фудбалот

Објавено October 19, 2024 20:57
Сподели
Сподели

Најбогатото семејство во Франција, Арно, објави дека планира да го купи фудбалскиот второлигаш Париз, со амбиции трајно да го етаблира тој клуб во првата лига.

Мнозински акционер на клубот ќе биде компанијата Агаче, која е во сопственост на семејството Арно, додека малцинскиот дел ќе го има компанијата Ред Бул.

„Историјата и развојот на фудбалскиот клуб Париз отелотворува сосема поинаков аспект на фудбалот во главниот град. Со доаѓањето на компанијата Агаче како мнозински акционер, клубот ќе добие нова димензија со нови цели и критериуми за успех“, се вели во соопштението на компанијата Агаче.

Се очекува семејството Арно да купи 55 отсто од акциите, Ред Бул 15 отсто, додека актуелниот сопственик Пјеро Ферачи, кој ќе остане претседател на клубот, се очекува да го задржи остатокот од акциите за себе.

Во соопштението не се наведува конкретната вредност на договорот, но компанијата „Агаче“ соопшти дека „ќе му ги обезбеди потребните ресурси на клубот“ и дека сака „да воспостави машки и женски тим меѓу елитата на францускиот фудбал и во срцата на парижаните“.

Компанијата Ред Бул, која овој месец го ангажираше поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп да ја надгледува работата на клубовите што ги поседува, првенствено ќе ја има улогата на советник за спортски прашања, додека Агаче ќе се занимава со финансиите и брендирањето на тимот.

Париз, кој е основан во 1969 година, нема постигнато некој позначаен успех во својата историја, а моментално го зазема првото место на табелата на француската втора лига. Женската екипа на Париз игра во првата дивизија на Франција.

Бернард Арно, сопственикот на компанијата LVMH, е на самиот врв на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот, со богатство кое надминува 150 милијарди долари.

Неговиот син Антоан, кој ќе биде претставник на семејството во бордот на директори на Париз, изјави дека „фудбалот отсекогаш бил нивна страст“ и дека „се надева дека со текот на времето заедно ќе напишат ново и возбудливо поглавје во францускиот фудбал“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Џинпинг знае дека сум луд, нема да се осмели да ме провоцира
Следна Статија (ВИДЕО) Сцена за паметење: Новак долго го гушкаше Надал, последен поздрав на двајцата најголеми играчи на теренот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

ОВАА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ЈА СКРАТИ РАБОТНАТА НЕДЕЛА: Синдикатите се изборија помалку да работат за иста плата

Шпанската влада одобри закон со кој се намалува работната недела од 40 на 37,5 часа. - Денес го модернизираме светот…

May 7, 2025
Blog

Booking се соочува со тужби поради високите цени за сместување

Холандските здруженија за заштита на потрошувачите објавија дека имаат намера да поднесат тужба против дигиталната платформа за резервации на сместување…

June 27, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Вага – четврток, 30 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Целиот ден иатричи активација на креативната енергија за оние кои се под зодијакот на Вага.…

January 30, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Овен – четврток, 6 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Овно, ентусијазмот и динамиката на денот ќе ви се извонредно погодни за активација на вашата…

February 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?