Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најголем пад на продажбата на Мекдоналдс во последните четири години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Најголем пад на продажбата на Мекдоналдс во последните четири години
Blog

Најголем пад на продажбата на Мекдоналдс во последните четири години

Објавено October 30, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Американскиот ланец ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ забележа глобален пад на продажбата од 1,5 отсто, што е најголемо намалување во последните четири години.

Најголем пад е забележан на пазарите на земјите во развој, дури 3,5 отсто. Следуваат пазарите на развиените земји, со пад на продажбата за 2,1 отсто, објави американската компанија. Најлоши резултати се во Франција и Велика Британија, додека минатогодишното ниво е задржано во САД, пренесува Блумберг.

Граѓаните помалку ги посетувале рестораните во САД, Европа и Кина, барале поевтини оброци и повеќе храна подготвувале дома. Послабата потрошувачка во Кина и вооружените конфликти на Блискиот Исток го загрозија бизнисот со ресторани со кои управуваат локални партнери на Мекдоналдс, при што продажбата падна за повеќе од десет проценти.

„Мекдоналдс“ ги објави и резултатите од скромниот раст на приходите во третиот квартал од оваа година. Како причина за слабата продажба се наведуваат послабите резултати во Европа и Кина, како и последиците од вооружените конфликти на Блискиот Исток.

Вкупниот приход од јули до септември е за три отсто поголем од лани и изнесува 6,87 милијарди долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обилни поплави во Шпанија, најмалку 13 загинати (ВИДЕО)
Следна Статија Почина актерката од „Пријатели“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прогласени најлошите авиокомпании во светот

Сите сме поминале часови мерејќи ги нашите ранци за да се осигураме дека не ги надминуваат дозволените милиметри, стравувајќи од…

February 28, 2026
Blog

Мицкоски со порака: Ќе има промени, на некои фотелјата им станала помила од контактот со народот

Премиерот Мицкоски во вчерашниот говор во Струмица ја најави реконструкција на Владата, порачувајќи дека сите отстапувања прецизно ги нотира, дека…

June 18, 2026
Blog

На Португалија ѝ се потребни повеќе од 14.000 медицински работници за прекувремена работа

Националната здравствена служба во Португалија треба да вработи уште околу 14.300 професионалци за да покрие околу 20 милиони часови прекувремена…

June 8, 2025
Blog

Колку чини храната низ Европа во 2025: Париз најскап, Мадрид најевтин

Цените на основните прехранбени производи во Европа драстично се разликуваат. Во Париз килограм пилешко чини 12 €, додека во Мадрид…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?