Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најмалку 18 загинати: Потрагата по преживеани од авионската несреќа во Вашингтон се одвива во тешки услови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Најмалку 18 загинати: Потрагата по преживеани од авионската несреќа во Вашингтон се одвива во тешки услови
СВЕТ

Најмалку 18 загинати: Потрагата по преживеани од авионската несреќа во Вашингтон се одвива во тешки услови

Објавено January 30, 2025 10:37
Сподели
Сподели

Шефот на вашингтонската противпожарна служба и службата за итни случаи, Џон А.Донели Постариот денеска изјави дека сите напори во рамките на потрагата по преживеани во авионската несреќа во близина на Вашингтон, каде се судрија воен хеликоптер и патнички авион, се насочени кон реката Тотомак и дека условите се тешки поради длабочината и студенилото на водата, како и поради ветерот.

Донели изјави дека условите за нуркање се тешки бидејќи водата во реката е матна, па операцијата за пребарување најверојатно ќе потрае неколку дена, пренесе Си-Ен-Ен.

Нуркачки тим од канцеларијата на ФБИ во Вашингтон ги помага напорите за лоцирање на жртвите од падот на авионот и хеликоптерот, изјави портпаролот на бирото за Си-Ен-Ен.

Градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боузер утринава потврди дека и патничкиот авион и воениот хеликоптер паднале во реката Потомак. Таа изјави дека 64 лица се наоѓале во авионот на компанијата „Американ ерлајнс“, а тројца во воениот хеликоптер.

Боузер рече дека истрагата за инцидентот ќе ја води Националниот одбор за безбедност на транспортот.

Околу 19 авиони биле во воздух во моментот на падот на авионот и хеликоптерот во близина на аеродромот Роналд Реган, а тие биле пренасочени кон меѓународниот аеродром Далес, на околу 30 километри западно.

На аеродромот Реган вчера беа закажани околу 858 влезни и појдовни летови, а за денеска беа закажани 869 летови.

Последната голема несреќа на патнички авион во САД се случи во февруари 2009 година кога авион на компанијата „Континентал ерлајнс“ се урна во куќа на приближување до аеродромот Бафало, Њујорк, при што загинаа 49 лица.

Досега се пронајдени телата на најмалку 18 загинати патници. Во патничкиот авион имало вкупно 64 патници а во воениот хеликоптер „Блек Хок“ уште тројца војници.

Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци
Следна Статија Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и од ѓаволот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сведоци на израелскиот напад на болница во Газа: „Видов луѓе како горат“

Сведоците на израелскиот воздушен напад врз болницата во Газа пред два дена и пожарот што беше предизвикан во шаторскиот камп…

October 16, 2024
СВЕТ

Вучиќ стигна во Москва

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот.…

May 7, 2025
СВЕТ

(Видео) Сеул постави холограм на полицаец во парк: криминалот се намали за 22 проценти

Секоја вечер помеѓу 19 и 22 часот, холограм во природна големина на полицаец во паркот Џудонг бр. 3 во Сеул…

August 21, 2025
СВЕТ

Околу 2,3 милиони луѓе останаа без електрична енергија во југоисточно Мексико

Повеќе од 2,3 милиони корисници останаа без електрична енергија во државите Јукатан, Кампече и Кинтана Роо во југоисточен Мексико поради…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?