Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најубавата Русинка на светот се разведува од 28-години постариот милијардер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Најубавата Русинка на светот се разведува од 28-години постариот милијардер
ЗАБАВА

Најубавата Русинка на светот се разведува од 28-години постариот милијардер

Објавено January 5, 2025 21:40
Сподели
Сподели

Лена Перминова (38), најуспешната руска манекенка, објави дека се разведува од сопругот, рускиот милијардер Александар Лебедев (65), по повеќе од десет години брак. Објавата, која ја шокираше јавноста, доаѓа откако парот го привлече вниманието на медиумите во последните неколку месеци поради шпекулациите за нивниот статус.

Лена на својот „Инстаграм“ профил објавила нивна фотографија и во описот напишала неверојатна информација:

  • Не сакам да кажам премногу. Работите се случуваат. И на најубавите приказни им доаѓа крајот. Се разведуваме. Имаше многу добрина. И што е најважно, од сето ова излегоа 4 прекрасни деца. Не можеле да посакаат подобар татко. Остануваат топлината и благодарноста, но мора да се разделиме. Нема да коментирам повеќе. Приватните работи мора да останат приватни – рекла Лена во описот.

Љубовна приказна како од филм

Лена и Александар се венчаа во 2011 година, а нивната љубовна приказна често беше во центарот на вниманието, со оглед на нивниот статус во руската социјална и деловна елита.

View this post on Instagram

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova)

Инаку, Лена на 16 години решила да го напушти родителскиот дом во Новосибирск и немала поим дека ќе наиде на невидени проблеми, ниту дека животот ќе и се претвори во бајката што ја живее денес. Откако го напуштила семејниот дом, Лена Перминова почнала да продава психоактивни супстанци по клубови, бидејќи се заљубила во многу постар маж за кого го правела тоа. Таа беше уапсена, а и покрај тоа што се согласи да соработува со полицијата, не и беше гарантирана никаква заштита. Била осудена, завршила во затвор, а дилерот и се заканувал со смрт.

Таткото на Лена потоа испратил писмо до милијардерот Александар, кој тогаш работел на кампања за усвојување на законот за заштита на сведоци, а кога ја ослободил од затвор, почнале да излегуваат. Разликата меѓу нив е 28 години.

Заедно имаа четири деца, а нивниот брак изгледаше како совршена комбинација на успешен бизнисмен, а подоцна и влијателна жена од светот на модата. Лена почнала да се занимава со манекенство на 15-годишна возраст, а нејзината најрана работа на овој свет била фотосесијата за магазинот „Плејбој“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Актерот Жарко Лаушевиќ целиот живот се плашеше од крвна одмазда, неговиот затворски цимер го одмазди единствениот син
Следна Статија Николоски најави директни летови од Скопје за Амстердам и Париз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Во оваа земја оставањето бакшиш се смета за навреда

Да се остави бакшиш (или не) на келнерите во кафулињата и рестораните ширум светот е прашањето што ги мачи многумина…

August 2, 2025
ЗАБАВА

Џамбазов: На оваа генерација подраг ѝ е Ацо Пејовиќ од Миле Кузмановски, Гоца Тржан од Каролина Гочева…

Секое лето една од „жешки“ теми се настапите на регионалните музички ѕвезди во Македонија. Без оглед на музичките вкусови и…

August 3, 2025
ЗАБАВА

Ѓоковиќ од септември со семејството ќе живеe во Атина!

По завршувањето на САД опен, од септември Новак Ѓоковиќ ќе се пресели во грчката престолнина Атина. Најуспешниот тенисер на сите…

June 16, 2025
ЗАБАВА

Златна палма за животно дело за Роберт де Ниро во Кан

Роберт де Ниро ќе биде еден од почесните гости на 78. Кански филмски фестивал, кој ќе се одржи од вторник,…

April 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?