Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици
ЕКОНОМИЈА

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

Објавено December 13, 2024 12:08
Сподели
Сподели

Народната банка навреме ги препозна ризиците од климатските промени и зазеде проактивен став вклучувајќи ги климатските ризици и придонесот кон зелената одржлива економија во своите стратегиски цели. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и Амра Омерагиќ и Славен Поповиќ, претставници на „Финансии во движење“, кои се советници на „Инвестицискиот фонд за зелен раст“.

„Преку низа активности, Народната банка придонесува кон поттикнувањето на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки. Зелените кредити бележат постојан раст во портфолијата на банките и во третиот квартал од годинава растот на зелените кредити, во однос на истиот период лани, изнесува 1,4 милијарди денари или 7,4%. Уделот на зелените во вкупните кредити сѐ уште е на релативно ниско ниво, но од крајот на 2019 година, заклучно со третото тримесечје од 2024 година, се забележува промена од 2,2 % на 4,4 %“, нагласи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

На средбата беше искажана поддршка за досегашната успешна соработка, а се разговараше и за идните заеднички активности, во чии рамки во Народната банка, под покровителство на „Инвестицискиот фонд за зелен раст“, во соработка со „Финансии во движење“, и експерти од „Ернст и Јанг“, се одржа втората работилница за градење капацитети за ЕСГ, на тема „Управување со влијанието на еколошките, социјалните и управувачките фактори (ЕСГ), ризици и можности“. Целта на работилницата е да се зајакнат капацитетите на централната банка за повеќеслојните влијанија на ЕСГ, при што се стави акцент на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици. Факторите на ЕСГ, за кои некогаш се сметаше дека имаат споредно значење, добиваат централна улога во процесот на донесување одлуки и управувањето со ризиците. Институциите коишто се приспособуваат кон промените и кон новото окружување можат да ја подобрат отпорноста, да поттикнат одржлив раст и да ја зајакнат довербата во своите операции.

„Инвестицискиот фонд за зелен раст“ е горд партнер на Народната банка на Северна Македонија во залагањето за зелени и одржливи финансии и позелена економија во Северна Македонија. Нашето партнерство е посветено на постигнување на еколошките цели за ублажување на климатските промени преку поставување јасни стратегиски цели, зајакнување на внатрешните капацитети и подигање на свеста во секторот. Овие иницијативи нè носат чекор поблизу кон усогласувањето на финансискиот систем со глобалните приоритети за одржлив раст и затворањето на јазот во зеленото финансирање“, изјави Амра Омерагиќ, инвестициски менаџер од „Финансии во движење“.

На работилницата се потврди значајната улога на централните банки и финансиските супервизори во зајакнувањето на отпорноста на финансискиот систем на климатските ризици, преку поддршка и поттикнување на преминот кон одржлива економија. Во текот на изминатите години, сѐ поголем број централни банки ги вклучија климатските промени како стратегиски приоритет и усвоија стратегии за управување со климатските ризици. Активностите на Народната банка поврзани со климатските ризици се врамени во Среднорочниот план на Народната банка за управување со ризиците поврзани со климатските промени во периодот 2023 − 2025 година, којшто содржи јасни патокази за преземање конкретни активности.

„Инвестицискиот фонд за зелен раст“ се залага за управување со климатските промени и за одржлив економски раст, пред сè преку инвестирање во мерки со коишто се намалува потрошувачката на енергија, употребата на ресурси и јаглеродните емисии. Фондот го насочува финансирањето кон деловните претпријатија и домаќинствата преку техничка помош, знаења и техничка експертиза за да се осигури дека инвестициите се успешно спроведени и со високи меѓународни стандарди. Фондот работи на 19 пазари низ Југоисточна Европа, вклучувајќи ги и Турција, Европскиот источен соседски регион и Блискиот Исток и Северна Африка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ: Уништена над 2 тона небезбедна храна од скопско тобако
Следна Статија Нова инвестиција: Мицкоски на поставување на камен темелник на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите

Фокус на оваа Влада е обезбедување на пристојни услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите. За…

December 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика,…

August 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Централните банки ќе продолжат со претпазливо нормализирање на монетарната политика

Инфлацијата е стабилизирана, додека централните банки внимателно ја нормализираат својата монетарна политика. Основните каматни стапки иако се намалуваат, сеуште се…

November 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Банките во Македонија треба да се подготват за интегрирање во СЕПА од октомври

Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите што ги предводеше Народната банка…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?