Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народната банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на потрошувачите корисници на банкарските услуги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народната банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на потрошувачите корисници на банкарските услуги
ЕКОНОМИЈА

Народната банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на потрошувачите корисници на банкарските услуги

Објавено January 30, 2025 13:21
Сподели
Сподели

Народната банка и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ја прошируваат својата соработка заради понатамошно унапредување на заштитата на потрошувачите корисници на услугите на банките и штедилниците. Со потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка, двете институции дополнително се обврзуваат да вршат размена на искуства, знаења и стручна поддршка во сферата на колективната заштита на правата и интересите на корисниците на финансиските услуги. Документот го потпишаа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска нагласи дека заштитата на потрошувачите е еден од приоритетите на Народната банка, како и дека банката редовно презема активности во оваа област, преку унапредување на регулативата и преземање мерки. „Пред три години се формира посебна Дирекција за заштита на потрошувачите и финансиска едукација и за првпат се започна со целни контроли во банките насочени кон заштита на корисниците на банкарските услуги. Воедно, Народната банка постојано работи и на унапредување на правната рамка во доменот на заштитата на корисниците на банкарските услуги, при што во напредна фаза е донесувањето соодветни измени во Законот за банките“, посочи гувернерката и ја истакна и улогата на финансиската едукација којашто ја спроведува Народната банка за заштитата на потрошувачите.

Претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова, истакна дека продлабочувањето на соработката со Народната банка е значаен чекор кон унапредување на правата на потрошувачите.

„Особено е важно што со овој меморандум се предвидува спогодбено решавање на споровите доколку голем број потрошувачи се оштетени од исти даватели на финансиски услуги над кои надзор врши НБРСМ. Народната банка и ОПМ заеднички ќе работат на унапредување на правната регулатива и доследно применување на прописите“, истакна Лончар-Велкова.

Во завршницата на средбата, Ангеловска-Бежоска и Лончар-Велкова ја потврдија заемната подготвеност за спроведување на заедничките активности, приспособени на актуелните предизвици и потреби на потрошувачите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И Барон Трамп влегува во бизнис, ќе продава луксузни недвижности
Следна Статија Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот Таравари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на гасоводен интерконектор со Грција

Започна реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, во должина од 66,7 километри, кој се протега од Гевгелија до Неготино. Овој…

July 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе

 Домаќинствата минатата година половина од домашниот буџет – 50,8 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо,…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните и бизнисите во банките чуваат 9,7 милијарди евра, но колку изнесува нивниот долг?

Граѓаните и во март продолжиле со активно задолжување, најмногу за станбени и потрошувачки кредити, каде што забележан е раст од…

April 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е постигната историски највисока цена на откупна цена на тутун по килограм од 400…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?