Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народната банка се залага за финансиска вклученост на лицата со попреченост: Подготвени се Насоки за банките и Брошура за лицата со оштетен вид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народната банка се залага за финансиска вклученост на лицата со попреченост: Подготвени се Насоки за банките и Брошура за лицата со оштетен вид
ЕКОНОМИЈА

Народната банка се залага за финансиска вклученост на лицата со попреченост: Подготвени се Насоки за банките и Брошура за лицата со оштетен вид

Објавено December 17, 2024 16:35
Сподели
Сподели

Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето на банкарските производи, како и подобра информираност на овие корисници на банкарски услуги. Народната банка изработи и испечати и Брошура наменета за лицата со оштетен вид, којашто би придонесла за нивна поголема финансиска едукација и подобро информирање за нивните права.

На презентацијата на Насоките и Брошурата во Народната банка којашто се одржа пред претставниците на банките и надлежните институции, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска упати порака до институциите и банките заеднички да обезбедат интеграција и поддршка за лицата со попреченост во сите аспекти од животот, вклучително и во економската сфера и финансиите.

„Иако банките ја препознаваат потребата да ги приспособат начините на користење на услугите од страна на лицата со попреченост, сепак анкетата спроведена од Народната банка од почетокот на 2024 година, утврди дека се потребни поголем број шалтери и банкомати приспособени за лицата со попреченост, како и рампи за пристап до банкарските објекти. Потребно е да се унапредува и правната рамка во оваа област, односно да се подготват интерни акти со кои ќе се обезбеди подобра пристапност до финансиските услуги за лицата со попреченост. Според доставените одговори на анкетата, банките многу ретко обезбедуваат рекламни материјали за лицата со попреченост, специфично кредитирање осмислено за оваа група граѓани, како и специјални програми за финансиска едукација на лицата со попреченост. Овие податоци покажуваат дека ова претставува област во која мораме да работиме заедно“, порача гувернерката Ангеловска-Бежоска, повикувајќи ги банките да ги земат предвид Насоките и активно да работат на подобрување на пристапноста на своите услуги за лицата со попреченост.

Презентирајќи ги Насоките и Брошурата, директорката на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација во Народната банка, Елизабета Недановска, нагласи дека со олеснување на пристапот на лицата со попреченост до финансиски услуги значително ќе се зголеми нивниот потенцијал за економска независност и социјална интеграција.

„Во рамките на МБА, спроведовме анкета за пристапноста до финансиските услуги за лицата со попреченост од која добивме увид во состојбата во секторот и оттука произлегоа препораките и насоките за делување коишто секоја од институциите индивидуално ќе ги спроведува. Покрај тоа, во МБА е формиран и Комитетот за едукација, којшто предвидува обуки за вработените за примена на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и зајакнување на нивните комуникациски вештини“, истакна заменик-претседателот на Македонската банкарска асоцијација, Бојан Стојаноски.

„Вклучувањето на лицата со попреченост во банкарскиот сектор не е само обврска, туку и можност за банкарските институции да покажат дека се предводници во иновациите и општествената одговорност и вклученост. Преку ваквите чекори, можеме да создадеме поинклузивно општество каде што секој ќе има еднаков пристап до финансиски услуги. Да ги направиме нашите банки достапни за сите – затоа што сите заслужуваат да бидат дел од економскиот живот“, нагласи претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Лимко Бејзароски.

Според податоците од Светската здравствена организација, околу 15% од светската популација страдаат од одреден вид попреченост и овие луѓе често се борат со сиромаштија и невработеност. Оттаму, Народната банка во изминативе години презема активности за подобрување на пристапноста до финансиските услуги на лицата со попреченост, што како потреба е предвидено и во документите донесени од Народната банка, и тоа Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија и Циркуларот за заштита на потрошувачите корисници на финансиски услуги. Заложбите се однесуваат на вклученост на лицата со попреченост, следејќи ги меѓународните стандарди и регулативи, како Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара
Следна Статија Ројтерс: Откриени најмалку 100.000 тела на жртви на режимот на Асад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски

Шпанско – португалскиот искуство со прекините на електричната енергија треба да се истражи, да се преземат мерки и чекори за…

April 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапување: Горивата со нови цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цените на нафтените деривати се зголемуваат од полноќ. Согласно одлуката, малопродажната цена…

January 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Есенската кошница завршува на 31 октомври: Ако дојде до дивеење на цените, жестоко ќе реагираме, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека институциите ќе ги искористат сите алатки за одбрана на стандардот на граѓаните во случај на…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Раст кај потрошувачки и станбени, пад кај автомобилските кредити

Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент.…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?