Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нашето законодавство има предвидено се што е потребно за лицата на црната листа на САД, смета Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нашето законодавство има предвидено се што е потребно за лицата на црната листа на САД, смета Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Нашето законодавство има предвидено се што е потребно за лицата на црната листа на САД, смета Мицкоски

Објавено December 24, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Владата нема да презема чекори спротивни на Уставот, туку секогаш ќе работи во насока на позитивните законски норми и Уставот коишто се за нас клучни два столба, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе донесат закон за рестриктивни мерки за лица кои се наоѓаат на црната листа на САД.

Мицкоски, кој беше на ставање на камен темелник на спортска сала во Црешево, рече дека законодавството има предвидено се што е потребно за лицата кои се дел од црната листа на САД.

Она кое што е констатирано од одлуката на САД, а е содржано во листата на санкции каде што се опфатени овие имиња, тоа е судија од Апелација и поранешен член на владата е практично дел од основаното сомневање на обвинителството. Мислам дека имаме доволно квалитетни процедури во рамките на системот ова да го завршиме. Ние нема да преземаме чекори коишто ќе бидат никогаш спротивни на Уставот затоа што не беше тоа причина зошто не гласаа граѓаните – нагласи Мицкоски.

Во однос на шпекулациите дека поранешниот вицепремиер Артан Груби, за кој судот одреди 30 дневен притвор можно е да добие политички азил во соседна земја, меѓу кои е наведена Албанија, премиерот појасни дека лицето е на црната листа на САД поради основано сомневање за сторен криминал, а не од политички причини.

Лицето е на листата на санкции на САД и јасно се наведени причините зошто се наоѓа, поради основано сомневање за сторен криминал. Поради тоа основано сомневање за сторен криминал обвинителството покрена истрага, а судот како што сум информиран изрече мерка за претпазливост, односно притвор во време траење од 30 дена. Така што, тука не станува збор за политички причини, туку очигледно дека има нешто различно од политиката, односно дека постои основано сомневање за сторен криминал. Така што не очекувам дека тоа ќе се случи, но тоа е сепак одлука на тие коишто би влегле во една таква процедура. Јас не би можел тука да додадам или одземам нешто – истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата повторно излезе во пресрет: Бесплатен автобуски превоз за студентите со пренамена на средства
Следна Статија Судот ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кекеновски: ЈО да ги истражи сомнежите за милионски матни бизниси на Заев во Дубаи

По сериозните обвинувања на бегалецот од Будимпешта на сметка на Заев кој наводно изнесол огрома сума на пари од Македонија…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подготвителна седница за Законот за јазици на 19 јуни

Претседателот на уставниот суд Дарко Костадиновски најави дека на 19 јуни ќе се одржи подготвителната седница за Законот за употреба…

May 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен

На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани

Во близина на струмичко Костурино и дојранското село Црничани постоеле неолитски населби стари осум милениуми. Ова го потврдија и геомагнетните…

December 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?