Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од март во Скопје ќе се изнајмуваат електрични автомобили, во просек ќе биде од три до шест евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од март во Скопје ќе се изнајмуваат електрични автомобили, во просек ќе биде од три до шест евра
МАКЕДОНИЈА

Од март во Скопје ќе се изнајмуваат електрични автомобили, во просек ќе биде од три до шест евра

Објавено December 23, 2024 14:57
Сподели
Сподели

Писмо за намери за поддршка на првиот проект за 100-проценен електричен кар-шеринг, односно систем за споделување електрични возила, на словенечката приватна компанија „Авант кар“ денеска потпишаа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Се работи за приватна инвестиција на „Авант кар“ од Словенија  во систем за заедничко користење на возила, а се предвидува проектот да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија.

Неговата тест фаза ќе почне во февруари, а во март ќе може да се почне со целосната услуга.

За користење на услугата ќе биде неопходна мобилна апликација преку која ќе се наоѓа достапно електрично возило, а плаќањето ќе биде дигитализирано или преку платежна картичка.

За изнајмувањето електрична возило ќе се плаќа по минута и изминат километар.

Во февруари ќе се знае колку ќе чини изнајмувањето, но како што вели сопственикот на „Авант кар“, Матеј Чер е пониско од користењето на такси услуга и во просек ќе биде од три до шест евра, а од центарот на градот до Скопскиот аеродром ќе чини од 10 до 15 евра.

Како што најави Чер, веќе се подготвени 100-тина електрични возила за Скопје.

Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот општини каде ќе биде поставена инфраструктура за полнење на електричните возила, а полначите според министерката Божиновска ќе се напојуваат исклучиво со електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

Таа истакна дека е за поздравување секоја иницијатива која придонесува да се смени сегашноста на подобро.

-Овој договор претставува партнерство изградено на иновација, акција и заедничка верба дека јавните институции и приватните компании можат заедно да постигнат одлични резултати.

Авант кар веќе го докажа трансформативниот потенцијал на своите проекти во Љубљана, Дубровник, Загреб и Виена.

Нивниот систем за споделување електрични возила значително го намали сообраќајниот метеж и го подобри квалитетот на воздухот.

Нивната иновативна инфраструктура за полнење напојувана со обновлива енергија постави репер за решенија за зелена мобилност, рече Божиновска.

Нагласи дека системот за споделување на електрични возила не е само модерен начин на транспорт, туку е и доказ за нашата амбиција да се усогласи технологијата со одржливоста.

-Со вакви иницијативи испраќаме јасна порака – Македонија е земја што ја вреднува својата иднина и презема акција за да ја обезбеди.

Покажуваме на приватниот сектор дека ова е место каде иновациите успеваат, а инвестициите носат трајни резултати, потенцира Божиновска.

Вицепремиерот Меџити истакна дека Скопје мора да направи нешто за да го врати чистиот воздух, здравата животна средина и зелените перспективни, нешта што ги изгуби.

-Денеска започнуваме нешто за што се надеваме дека ќе остави почисти улици, поздрави граѓани и светла иднина за Скопје.

Потпишувањето на писмото за намери претставува конкретна и видлива акција за решавање на еден од најгорливите предизвици со кои се соочуваме, загадениот воздух.

Претставува можност за поздраво и поеколошко Скопје, посочи Меџити.

Целта е, додаде, на овој начин директно да влијаеме на намалување на емисиите на ЦО2 и загадувањето што е и приоритет на МЖСПП, а воедно и граѓаните да имаат можност за поекономичен транспорт.

-Како Министерство нашата задача е да ги поддржуваме ваквите иновативни решенија кои имаат директен и позитивен ефект врз животната средина.

Овој проект е доказ дека е можно преку јавна поддршка и приватна иницијатива да создадеме поздрави урбани средини, рече Меџити и додаде дека верува оти електричниот кар-шеринг ќе биде модел и за другите градови во земјава и ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж.

Компанијата „Авант кар“ е присутна на пазарот повеќе од 20 години и работи во Словенија, Хрватска и Австрија.

Пред 12 години почна со електрична мобилност и во моментов има повеќе од 10,000 електрични возила.

Со кар-шеринг започна во 2016 година во Љубљана каде сега тоа е дел од јавниот транспорт и го користат сите слоеви на заедницата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По 17 години пауза од март повторно директна авиолинија од Скопје до Амстердам
Следна Статија Бензините по стара цена, дизелот поскапува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500.000 евра

Она што го затекнав внатре во СОЗР беше општ хаос ни помалку различен од сите институции во државата. Ние како…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска официјално го означија почетокот на…

January 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Христијан Стојанов е уште еден херој кој спасувал животи во Пулс: Денови не можев да заспијам од глетките кои ги видов

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е еден од младите херои на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој храбро и несебично влегол…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти

Добар ден и од мене. Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за навистина…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?