Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не издавале фискални, а имале и други неправилности -УЈП казни 126 даночни обврзници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Не издавале фискални, а имале и други неправилности -УЈП казни 126 даночни обврзници
ЕКОНОМИЈА

Не издавале фискални, а имале и други неправилности -УЈП казни 126 даночни обврзници

Објавено December 8, 2024 11:33
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи, во периодот од 01 до 30 ноември 2024 година, спроведе вкупно 907 контроли согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП).

Од вкупно извршените контроли, кај 750 даночни обврзници не се утврдени неправилности, што покажува дека голем број даночни обврзници работеле во рамки на законските прописи.

Сепак, кај 126 даночни обврзници УЈП утврди неправилности, кои се однесуваат на различни прекршоци и издаде прекршочни платни налози, како и решенија за привремена забрана за вршење на дејност на дел од нив и тоа:

93 глоби за неиздавање фискални сметки за извршен промет на добра и услуги;
10 глоби за неводење или непоседување на книга за дневни финансиски извештаи;
16 глоби за непоседување на резервен фискален систем на опрема;
4 глоби за непоседување на одобрен фискален систем на опрема;
2 глоби за неиздавање парагон блокови;
1 глоба за неприкажување промет од македонски производи.
Во овие случаи, целта на УЈП не е само санкција, туку укажување и поддршка во правилната примена на законот и даночно усогласување на обврзниците.

Дополнително, во рамките на активностите во контролираниот период беа констатирани 3 случаи на нерегистрирана дејност. За три даночни обврзници дадена е препорака во однос на неможноста за скенирање на фискални сметки од страна на купувачите со цел подобрување на нивното работење.

Управата за јавни приходи продолжува со своите активности и ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел почитување на законските прописи.

Апелираме до сите даночни обврзници да ги почитуваат законските обврски да го регистрираат готовинското плаќање, да издаваат фискални сметки.

Даночните обврзници кои имаат потреба од помош во процесот на усогласување со законските обврски, може да се обратат директно во Управата за јавни приходи, каде ќе добијат поддршка и стручни совети за правилно спроведување на сите потребни процедури. Нашата цел е да обезбедиме помош и поддршка за сите даночни обврзници да можат успешно да ги исполнат своите обврски и да бидат усогласени согласно со законите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Денес соочувајќи се со бројни предизвици треба да го следиме делото на Св. Климент Охридски
Следна Статија Во приватни градинки немало хигиена, Агенцијата за храна парично ги казни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Прва жена машиновозач почна да работи во МЖ Транспорт

Зорица Божинова, првата жена со лиценца за машиновозач во Р. Македонија🇲🇰 од денес и официјално вработена во МЖ Транспорт Нека…

June 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од „Еуромакс“– ги продал акциите

Тетовецот Назиф Дестани, кој на македонската јавност ѝ е познат како сопственик на фирмата „Еколог“, ги продал акциите во рударската…

May 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во време на енергетска криза во ТЕЦ Неготино бил доставува штетен мазут

Клиентeлизмот на СДС и ДУИ излезе на виделина. Целата мизерија на СДС, ДУИ и поранешното раководство на ЕСМ пред очите…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ Еве за колку се намалија во март

Трендот на намалување на каматните стапки на кредитите  продолжува и во март, покажуваат податоците на Народна банка. Просечната каматна стапка на…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?