Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не се знае дали ќе продолжи бесплатниот превоз за студенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Не се знае дали ќе продолжи бесплатниот превоз за студенти
МАКЕДОНИЈА

Не се знае дали ќе продолжи бесплатниот превоз за студенти

Објавено December 18, 2024 23:19
Сподели
Сподели

Универзитетско студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со писмо до надлежни институции бараат информација дали мерката за бесплатен јавен превоз за студенти ќе продолжи и во 2025 година.

Писмото со кое бараат објаснување, УСС при УКИМ го испратиле до Драги Кушовски, директор на Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, Трајко Славески, претседател на Совет на Град Скопје, Христијан Мицкоски, претседател на Влада на Република Македонија, Весна Јаневска, министерка за образование и наука и Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

-Во името на сите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а и по бројни прашања и поплаки дека картичките за бесплатен јавен превоз не им се продолжени за 2025 година, бараме јавно известување од Вашите институции дали оваа мерка ќе продолжи и во 2025 година. Образложение – бесплатниот јавен превоз е значајна и неопходна мерка која не само што е корисна за младите, туку е и поттик за активно учество во образовниот процес, и општеството во целина, се вели во писмото.

Според УСС при УКИМ, укинувањето на оваа мерка ќе доведе до зголемување на финансиските трошоци на студентите и нивните семејства и студентите ќе бидат принудени да покриваат дополнителни трошоци за транспорт што особено ќе ги погоди студентите од економските ранливи категории.

-Ограничен пристап до образование – Студентите од руралните и приградските средини што зависат од јавниот превоз за да стигнат до универзитетите би се соочиле со потешкотии за редовно присуство на предавања и други ангажмани на нивните факултети. Освен тоа, ќе се намали и учеството на студентите во воннаставни активности, пракси и професионални ангажмани. Намалување на поддршката за образованието и младите и уназадување на студентскиот стандард – Укинувањето на оваа мерка ќе ја намали поддршката за младите и образованието во нашата држава, што дополнително ќе создаде и недоверба кон институциите, се вели во писмото на УСС при УКИМ.

Сметаат дека ова прашање е од суштинско значење за иднината на студентите во нашиот град и држава и бараат итен одговор и објаснување

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Зеленски мора сам да преземе одговорност дали ќе го прифати предлогот за прекин на огнот
Следна Статија Бојковска: Нема да има повластени пред законот, секој што сторил криминал ќе одговара

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

Во текот на денешниот ден имаме 10 пожари на отворен простор. Се уште е активен пожарот во ловиштето „Јасен“, а…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утрата ќе бидат ладни, а дневните температури во пораст

Под влијание на стабилна воздушна маса, во наредните денови не очекува суво и стабилно време. Како што прогнозира Управата за…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност и компетентност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи нејзините предлози за избор на Алинда Кадри…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Граѓани со часови заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ

Вистински хаос се случил вчера попладнето во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани два часа биле „заробени“ на паркингот, откако паркоматите престанале да…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?