Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > „Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија
БАЛКАН

„Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија

Објавено January 20, 2025 11:06
Сподели
Сподели

Пред домот за стари лица во Бараево, каде што утринава избувна пожар во кој досега загинаа осум лица, а седум беа повредени, пристигнуваат видно потресени членови на семејството на жителите на домот. Мажот, чија мајка била корисничка на домот за „Блиц“ изјави дека нема информации дали мајка му е жива, и дека се надева на најдобро.

Таа била на приземје во делот кој изгорел. „Немам информации дали е жива и каде е. Последен пат бев тука на 9 јануари кога на мајка ми и донесов работи и се што и требаше. Таа потоа прими терапија“, раскажува тој за „Блиц“.

На местото на настанот пристигнала и брачна двојка, а таткото на мажот бил жител на овој дом.
„Свекор ми беше внатре, во самиот дел кој целосно изгоре. Токму под оџакот“, вели видно потресена жена.

Таа додава дека немаат информации за неговата состојба, но дека знаат дека се пронајдени четири машки тела во целосно јагленисана состојба.
Медиумите потсетуваат дека најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Србија.

Како што соопштија од српската полиција, постојат основи на сомнение дека пожарот е подметнат, а полицијата во соработка со надлежното обвинителство продолжува интензивно да работи на утврдување на сите околности и факти за овој настан.

Во моментот на пожарот во домот имало 30 лица, од кои осум починале, седум лица се повредени, од кои на тројца им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар, а четворица на ВМА. Останатите корисници се сместени во друг дом за стари лица, пренесува медиумот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На УФЦ спектакл: Нурмагомедов ја скрши дланката во првата рунда, а ги издржа сите пет (ФОТО)
Следна Статија Мицкоски на средба со Нунес, Битов, Галина и Павловски: Можност за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Сопственикот на ТВ Пинк му понуди работа на министер Весиќ, кој најави оставка

Сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, јавно му понуди работа на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ кој…

November 5, 2024
БАЛКАН

Герапетритис разговарал со Муцунски и изразил подготвеност на Грција да обезбеди секаква помош

Подготвеноста на Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучително и спасувачки тимови и медицинска помош, изразил министерот за надворешни работи…

March 16, 2025
БАЛКАН

Трифонов ја навреди македонската претседателка затоа што знае Англиски јазик

Бугарскиот тв водител Слави Трифонов ја навреди македонската претседателка нарекувајќи ја северномакедонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова затоа што ги ги натерала…

June 14, 2026
БАЛКАН

Големо свлечиште во Албанија, триесетина камиони заглавени на Ќафасан

Блокадата на патниот правец Либражд – Прењас поради големо свлечиште продолжува да создава сериозни проблеми во сообраќајот кон југоисточна Албанија,…

February 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?