Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Нека му ја мислат оние што дивеат“: Се работи на законското решение за „Безбеден град“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Нека му ја мислат оние што дивеат“: Се работи на законското решение за „Безбеден град“
ХРОНИКА

„Нека му ја мислат оние што дивеат“: Се работи на законското решение за „Безбеден град“

Објавено January 10, 2025 19:15
Сподели
Сподели

Проектот за камери е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни работи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Јас ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи, ќе треба да промениме и законска легислатива, да ги припремиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките, ќе треба еден поширок институционален пристап да има, тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение, рече Тошковски.

Тој нагласи дека овој проект е многу битен од повеќе агли, особено за намалување на смртни случаи при сообраќајки, а искуството во други држави ја покажало оправданоста од имплементирањето на овој систем за безбеден град и безбедна држава. Притоа додаде дека е еден од најклучните проекти на Министерството што мора да бидат имплементирани во иднина.

Министерот посочи дека секојдневно се работи на проектот, а во подготовката на легислативата се вклучени професори.

Тошковски додаде дека секој кој дивее по улиците ќе биде казнет, а секој кој го почитува законот мирно ќе спие.

Ќе бидат казнети оние кои дивеат по улиците, кои возат во алкохолизирана состојба и оние кои наместо 80, возат 200. Тие ќе бидат казнети, додаде Тошковски.

Тој додаде дека ако имал време да се посвети на овој проект во време на техничка влада, досега ќе беше имплементиран. Наследениот голем проблем со пасошите исто така му одзел време, а сега кога и тоа решено, проектот „Безбеден град“ е на врвот на приоритетите.

Во рамки на техничката Влада, доколку имаше простор и време да се посветев максимално на микроменаџирање, можеби ќе завршевме и порано од аспект на имплементација. Но, за жал, за време на техничка Влада бевме посветени на друга работа. Тоа се покажа како добар резултат, да речеме, од аспект на организација на изборите во делот на надлежност на МВР. Тогаш ни оставија и еден друг огромен проблем со пасошите, што моравме да го решаваме, истакна тој.

Министерот Тошковски, денеска беше во посета на Желино, по повод отворање нова канцеларија на управните служби на Министерството за внатрешни работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Koj e Koстадин Костадинов: Руски радикал што ја мрази Македонија
Следна Статија КОЈ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА БЕГСТВО НА КРМЗОВ? Доказите за криминалот се обезбедени, ама некој не сака да се меша во својата работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен 33 годишник во Тетово, возел со 193 километри на час

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола…

April 14, 2025
ХРОНИКА

Драма на Бит Пазар: Скопјанец уапсен откако ја нападнал партнерката и го зел тримесечното бебе

Вчера во 23:10 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(30) од…

October 5, 2025
ХРОНИКА

Скопјaнец лишен од слобода се заканувал на инспектор од АХВ

Вчера во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(40) од Скопје затоа…

March 14, 2025
ХРОНИКА

Ги пукаа за долг од 7000 евра – таткото загина, синот денес пуштен на домашно лекување

Пуштено е на домашно лекување, 20-годишното момче кое беше тешко повредено при пукање во Арачиново на 1 ноември. Тогаш беше…

November 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?