Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема договор за минималната плата, но ќе се формира официјална потрошувачка кошница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема договор за минималната плата, но ќе се формира официјална потрошувачка кошница
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималната плата, но ќе се формира официјална потрошувачка кошница

Објавено February 3, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика, Организација на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии.

Ова е договорено на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) што се одржа во Владата.

Како што изјави претседателката на Организацијата на работодавачи Владанка Трајкоска, телото кое ќе ја дефинира официјална потрошувачка кошница најверојатно ќе се формира на следната седница на ЕСС.

-Нема договор за минималецот. Се дискутираше за минималната синдикална кошничка, но се официјализираше дека ќе има официјална потрошувачка кошница која ќе ја креираат. Сметаме дека ќе биде официјална и институционална која ќе ги дефинира сите точки и ќе ги земе предвид сите потрошувачки елементи релевантни за една кошничка. Се дискутираше на неколку теми, меѓу кои и минималната плата, но имаше само дискусија, без ставови и заклучоци. Сите се стремиме кон ЕУ и она што го истражувавме беше дека ЕК нема директива за потрошувачката кошница. Секоја држава во регионот и ЕУ има и синдикална и кошница што ја формираат институциите и тие се разликуваат драстично, синдикалните се дури двапати поголеми. Тоа се политички одлуки и елементи кои ги користи Синдикатот за свои придобивки и тоа е нивен метод за вршење притисок, изјави Трајкоска по седницата.

Пред седницата на ЕСС работодавачите рекоа дека е можно минималната плата да биде и повисока од 450 евра ако Владата субвенционира дел од придонесите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје
Следна Статија На ТОАРИЛУЦ првпат во Македонија е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во лакотниот зглоб

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристов: Граѓаните да инвестираат во акции за ХЕЦ Чебрен, наместо да ги заробуваат парите во станови

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, предложи нов модел за финансирање на стратешките енергетски објекти во кој…

June 19, 2026

Азиските акции растат додека технолошкиот сектор се опоравува од загубите поврзани со вештачката интелигенција

Технолошкиот сектор бележи позитивни придвижувања, особено во Јапонија

February 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

Народната банка навреме ги препозна ризиците од климатските промени и зазеде проактивен став вклучувајќи ги климатските ризици и придонесот кон…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Јанкоски: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор

„Доколку добиете сомнителен повик, порака или е-пошта, првиот чекор е да го проверите изворот – дали навистина доаѓа од вашата…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?