Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола
ПОЛИТИКА

Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола

Објавено October 12, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Седумдесет и три нови лица планира да вработи Рамиз Мерко во 2025 година, додека од постоечките вработени во општинската админстрација, само 8 треба да заминат во пензија. Со тоа бројката на вработени ќе достигне 280.

Се поставува прашање дали во Општина Струга има толкав број на столици и толкав број на маси каде би работеле сите тие вработени. Со новите вработувања мислиме дека ќе се зголеми јавниот долг на Општина Струга, дури и мегаломански, а граѓаните услугите ќе ги добиваат како порано со голема тешкотија, или воопшто не .Поради „огромната работа“ општината не може ниту да го преведе официјалниот материјал на албански јазик, рече Лулзим Насуфи од Алијанса за Албанците.

Насуфи се сомнева дека предвидените вработувања имаат политичка позадина, и се во функција на локалните избори, кои треба да се одржат токму наредната година.

Од ВМРО ДПМНЕ велат декa Општина Струга и без вака предимензионираниот план за вработување, е превработена. Додаваат дека не смее да се дозволи општинската администрација наместо професионалци да ја водат партиски послушници.

Струшката администрација е дупло побројна од општина Битола. Општина Струга брои 280 вработени, а Општина Битола 140 вработени. Ваквите нереални проектирања се затоа што струшкиот градоначалник својата функција ја разбира единствено како начин да вработи што е можно поголем број партиски војници и во очи локалните избори догодина да има што е можно подобра стартна позиција, наместо да се грижи за потребите на сите граѓани кои мака мачат со водоснабдувањето, чистотата, патната инфраструктура, депонијата, велат од ВМРО ДПМНЕ – Струга.

Планот за вработување на Мерко доби зелено светло од страна на мнозинството во советот на ДУИ и СДСМ.

Како што пренесува „Алсат“, помеѓу предвидените вработувања има и позиции, како на пример, соработник за соработка со јавноста и медиумите, соработник за развој и унапредување на угостителството, помлад соработник за спортски и рекреативни активности на лица со посебни потреби,соработник за одржување и подршка на портал,помлад соработник за унапредување на занатечиството и туризмот и што ли уште не. За сите овие места, треба да се одвојат милионски суми за исплата на плати и придонеси на годишно ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Принцот Џорџ откри што сака да биде кога ќе порасне
Следна Статија Циркус на Камп Ноу: Тепачка меѓу работници од Албанија и Романија, има повредени (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во приватна болница

Сакам да ве поздравам да ви кажам добар ден од нашата најголема приватна здравствена установа Аџибадем Систина чии сме гости…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски води во Центар

Според неофицијални извори од партиските штабови, на локалните избори во Центар предност има актуелниот градоначаник Горан Герасимовски пред кандидатот на…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Жерновски e симбол на неуспех, предавства и скандали, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСM може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа…

December 24, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Карпош: На втори ноевмри гласајте за број 9 за крај на бетонизацијата и за вистински разво

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на мини митингот во Карпош, во рамки на вториот круг од локалните избори…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?