Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Немам кислород“ – низа протести во Грција за железничката несреќа кај Темпи по новите докази објавени во медиумите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Немам кислород“ – низа протести во Грција за железничката несреќа кај Темпи по новите докази објавени во медиумите
БАЛКАН

Немам кислород“ – низа протести во Грција за железничката несреќа кај Темпи по новите докази објавени во медиумите

Објавено January 26, 2025 10:03
Сподели
Сподели

Немам кислород“ е слоганот под кој денеска, точно напладне во речиси сите помали и поголеми градови во цела Грција, но и во градови во странство ќе се одржат протести поради железничката несреќа кај Темпи на крајот на февруари 2023 година, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во железничката несреќа животот го загубија 57 лица, а според извештајот на експертот Василис Кокоцакис, дел од загинатите, околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што резултирала со недостаток на кислород.

Паралелно беше објавен аудиозапис од телефонски повик на бројот 112 за итни случаи во кои се слушаат повиците за помош, меѓу кои и женски глас што вели „Немам кислород“, што беше и причина протестите да бидат под конкретниот слоган со цел семејствата на загинатите да побараат правда и „независно судство за сите“.

Аудиоснимките се од последните моменти на патниците од возот и според експертите, докажуваат дека дел од жртвите не загинале во сударот, туку од експлозијата што следела.

Во објавениот телефонски повик до 112, што е автоматски воспоставен откако мобилниот телефон препознал несреќа, се слуша женски глас што бара помош, вели „Не можам да дишам“, „Имам многу малку воздух“, а на крајот завршува со зборовите „Ќе умреме … Марти, те сакам“, што според медиумите во Грција, се упатени до нејзината 20-годишна пријателка што не ја преживеа несреќата.

Мајката на загинатата Марти, Мариа Каристиану, која е претседателка на Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ говорејќи за грчките медиуми посочи дека објавувањето на аудиозаписите „е начин да се изврши притисок врз истражителот да си ја заврши работата бидејќи ги знае овие работи“.

– Кога дознав дека моето дете умре, првото нешто што ми беше важно беше дали почувствува нешто или сè се случи пребрзо. Ова е важно мајката да го знае. Сите ни кажаа дека веднаш загина, а потоа дознавме дека 30 луѓе изгореле живи. Три минути нашите деца чекаа да умрат. Правдата ќе биде задоволена за овој криминал, на еден или на друг начин, посочи Каристиану за грчката телевизија „Мега“.

Протестот е организиран од Здружението на роднините на жртвите во несреќата „Темпи 2023“, а поддршка изразија од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Комунистичката партија и Нова левица, од синдикатот на вработени во јавниот сектор, од низа здруженија, како и од навивачки и анархистички групи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата 
Следна Статија (Видео) Брнабиќ објави видео со ВИ на Вучиќ во народна носија, се слушаат истрели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Детали за трагедијата: Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот

Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна…

November 24, 2024
БАЛКАН

Авион на Кроација Ерлајнс оштетен од куче, полетувањето било веднаш откажано

Авионот на летот од Загреб за Стокхолм како превентивна мерка е однесен на технички преглед откако бил оштетен од куче.…

October 11, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Бебе паднало од трети кат од зграда во Нови Пазар и останало живо- очевидците шокирани

Двегодишно дете под неразјаснети околности паднало од третиот кат од станбена зграда во центарот на Нови Пазар. Според очевидци, детето…

October 13, 2024
БАЛКАН

Koмитетот за човекови права уште еднаш констатираше дека Бугарија не ги почитува правата на Македонците

Невладината организација „Правозаштитен комитет Толерантност”, врз основа на Законот за непрофитни правни субјекти и покрај тоа што ги достави сите…

April 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?