Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Никој не е над законот“: Полициска рација во МВР, осомничени началници и повеќе вработени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Никој не е над законот“: Полициска рација во МВР, осомничени началници и повеќе вработени
ХРОНИКА

„Никој не е над законот“: Полициска рација во МВР, осомничени началници и повеќе вработени

Објавено February 5, 2025 11:27
Сподели
Сподели

Работниот ден во седиштето на МВР започнал со претреси и одземање на службена документација во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици, дознава „Република“. Според нашите неофицијални информации, почната е истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки за сервисирање на службените возила на полицијата и МВР.

Акцијата, која ја води Бирото за јавна безбедност, во исто време се спроведува и во неколку економски оператори, меѓу кои о добро познати автосервиси кои до сега години наназад ги сервисирале возилата на полицијата и во кои исто така утрово се вршат претреси.

Во МВР подолг временски период јавна тајна било дека сервисирањето на возилата претставува ноќен кошмар, бидејќи некои организациски единици останувале без службените возила со месеци, а откако биле известувани да си ги подигнат возилата наводно исправни, гледале дека нема промени и повторно ги враќале на сервисирање. Гневот на вработените бил голем, но оние што биле надлежни и одговорни во МВР да го контролираат целиот надзор и квалитетот веројатно биле дел од корупциската шема.

Во меѓувреме додека се истражувале старите злоупотреби истрагата дошла до информации дека економските оператори во соработка со поедини надлежни и одговорно лица – вработени во МВР договарале како повторно да добијат нови милионски тендери. На тој начин со денешната акција за прв пат во историјата на Јавните набавки во Македонија имаме случај на спречен обид за потпишување на нов договор за јавна набавка штетен по една институција а со тоа по парите на граѓаните.

Нема да биде како до сега! Ќе сноси одговорност секој, без разлика дали е полицаец, началник или било кој друг. Законите важат и ќе важат за сите, бил ставот на највисокото раководство на институцијата кои јасно ја пренесуваст пораката до сите вработени.

Со овој потег, Министерството испраќа силна порака дека старите практики нема да се толерираат, а дека навистина ѓаволот ја однел шегата, потврдуваат големите акции во насока на борба против секој облик и вид на криминал што МВР ги реализира во изминатите шест месеци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ричард Тенг за состојбата на биткоинот: Непредвидливоста на криптовалутите е привремена, ова е можност за развој и учење на пазарот
Следна Статија „Хонда џез“ е најсигурниот половен автомобил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицијата го бара за Кочани: Македонскиот амбасадор во Осло, Кучи, се враќа дома со првиот авион

Македонскиот амбасадор во Осло Дритон Кучи се враќа дома со првиот авион откако разбрал дека полицијата го барала дома за…

April 12, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава и „диви трки“ во Скопје

На 06.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички…

April 6, 2025
ХРОНИКА

Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци повел постапка против 28-годишен жител на Неготино осомничен за кривично дело демнење, а…

March 3, 2025
ХРОНИКА

Пожар во стан на 83 годишна скопјанка

На 20.10.2024 во 09.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на општина Аеродром…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?