Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании
ЕКОНОМИЈА

Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании

Објавено October 5, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Влaдата, Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи директорот на Светска банка за Македонија, денеска го означија почетокот на модернизација на граничниот премин Деве Баир. Инвестицијата е 1, 6 милиони евра, а реконструкцијата се реализира во сорабтока меѓу Министерството за транспорт и Царинската управа.

Во продолжение интегралното обраќање на заменик претседателот Николоски:

„Благодарам за поддршката на Светска банка што ја дава за овој и многу други бројни проекти. Со целосна подршка на Владата и премиерот Мицкоски работиме многу инфраструктурни проекти во ист временски период. Почнуваме и многу е важно да ги завршуваме проектите. Овој проект го започнуваме денеска а треба да биде завршен до мај 2025 година и да имаме прва фаза завршена од реконструкција на граничниот премин Деве Баир. Во моментов работиме на нов детален урбанистички план од А категорија кој што треба да не однесе до втората фаза на реализација на граничниот премин, така што во текот на следната година ќе почнеме, а во текот на 2026 година ќе го завршиме целосен овој граничен премин и во делот на граничната управа и во делот на фитосанитарната управа и во делот на граничната полиција и секако со повеќе сообраќајни ленти. До овој граничен премин веќе од Нова година ќе води еден убав експресен пат. Веќе сме во завршна фаза на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и исто така да најавам дека почнуваме проектирање нова траса со цел поврзување од Куманово со новиот експресн пат до Ранковце, така што од Скопје до граничниот премин да се стигнува во едно пријатно возење од час/час и десетина минути. Се надевам дека и нашите соседи ќе посветуваат исто или слично внимание како што ние посветуваме на Коридор 8, тука мислам на Бугарија и Албанија како дел од Коридор 8. Можам да најавам дека деновиве започнуваме и со реконструкција и на граничниот премин Ќафасан, слични вакви активности и очекувам до мај следната година и тој да биде ставен во функција”-изјави заменик претседателот Николоски.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека модернизацијата на овој граничен премин е силна политичка порака.

“Со самата оваа реконструкција и со реконструкција на ГП Клепало, покажуваме дека секоја точка на Македонија ни е важна. Македонските граѓани кои што ќе го отплаќаат овој кредит земен од Светска банка, ќе добијат модерни гранични премини а Царинската управа поефикасни услови за работа. Преку модернизација на граничните премини ќе создадеме подобри услови и ќе се избегнат оние гужви и турканици, додаде премиерот Мицкоски.

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, истакна дека инвестирањето и подобрувањето на граничните премини е дел од заложбите за побрза интеграција во ЕУ. Изградбата на нов современ објект за стоково царинење, на нова управна зграда ќе ги подобри условите за работа на царинските и полициските службеници и сите инспекциски служби на граничните премини, потенцираше директорот на Царинската управа, Николовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Авиокомпанијата „Емирати“ забрани пејџери и воки-токи по нападите во Либан
Следна Статија ПУКАЊЕ ВО ЧАИР Има повредени, еден се бори за живот (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме за зголемување на платите

Борбата за зголемување на минималната плата не е борба против Владата или за затворање на компаниите, туку е борба за…

August 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените – клучен фактор за економски напредок

„Родовата нееднаквост е едно од светските прашања за кои мора постојано да се зборува и да се преземаат активности. Според…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Преку Совет за даночна усогласеност до директна соработка со мали и средни компании

Управата за јавни приходи (УЈП), во соработка со претставници на Стопанските комори, Коморите на сметководители, Адвокатската комора, ревизорски куќи и…

December 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Прва седница на економско-социјалниот совет: Синдикатите бараат 450 евра минимална плата

Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да ја одржи првата седница по формирањето на новата Влада. Министерот за економија и труд…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?