Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски на средба со ЗЕЛС: Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски на средба со ЗЕЛС: Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Николоски на средба со ЗЕЛС: Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните

Објавено November 15, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата ќе можат да се градат во поедноставна постапка и за нив да не се плаќаат комуналии. Ова го овозможувме со измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на средбата со раководството на ЗЕЛС.

На овој начин помагаме да се развиваат општините и помагаме во бројни проблеми на граѓаните во делот на згрижување, образованието, здравствената заштита и проблемите со паркирањето, истакна министерот Николоски.

„Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните, да се насочени кон граѓаните и да бидат во подобра финансиска кондиција. Постојат и други предизвици во следниот период што ќе ги решаваме, пред се во закони што се поврзани со директното функционирање со општните и затоа и како министер и како потпрестедател на Влада сум на располагање да имаме добра соработка. На средбата исто така разговараме и за проектот кој е тековен, а тоа се средствата кои Владата ги обезбеди во општините за капитални проекти и тоа преку 80 проценти се преку Министерството за транспорт. Најаувам за следната година дополнителни 250 милиони евра исто така за инфраструктурни проекти за општините, а такви проекти ќе има и во годините што следуваат” – изјави министерот Николоски.

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски истакна дека оваа иницијатива била произлезена од ЗЕЛС, а поддржана и реализирана во соработка со мнистерството.

„Практично со овие измени решаваме повеќедецениски проблеми на општините, кои досега не можеа да ги реализираат и да бидат ефективни бројни проекти. Го надминавме моментот од ослободување од комуналии, од причина што скопските општини со месеци наназад имавме проблем, со месеци чекавме објектите од јавен карактер да ни бидат ослободени од комуналии. Сега тоа е минато и сега сме целосно функционални”-изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС.

На средбата беше договорено да се формираат работни групи со цел да се направат измени и во Законот за експропријација, за да им се овозможи на општините поефикасна релализација на капиталните проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) За влакно избегната тепачка во Собрание – буџетот ги скара Битиќи и Стојановски
Следна Статија Oд каде им се снимките од „цитроенот“ на Панче на Кираца и синот?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Почнаа промените во општина Карпош, се реконструира улицата „Јуриј Гагарин“

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пола милијарда евра за проекти во општините, околу 11 до 12 милиони евра за Куманово

Од централниот буџет предвидени се пола милијарда евра за прокти во општините, од кои 11 до 12 милиони евра за…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вака изгледа патувањето по новиот пат Дреново-Фариш

Вчера беше пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, со кој се намалува патувањето од Скопје до Битола и…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Осудувам каков било напад, но ја повикувам Арсовска да не бега од МВР и од институциите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?