Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол- дојдено е време за намалување на цените на услугите за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол- дојдено е време за намалување на цените на услугите за граѓаните
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол- дојдено е време за намалување на цените на услугите за граѓаните

Објавено October 4, 2024 12:25
Сподели
Сподели

Државата нема да се фаворизира трет оператор, ако одиме со трет оператор нема да одиме со непосредна спогодба, туку ќе одиме со отворен тендер согласно Законот за јавни набави и ќе се натпреваруваат сите заинтересирани компании, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот “ Каде се парите”.

Тој во поткастот исто така вели дека е дојдено време кога граѓаните мора да добијат поевтини цени и квалитетни услуги и дека повеќе е недозволив дуополот што го прават двата мобилни оператори.

Јас сметам дека доколку двата постојни оператори ги намалат цените, ги подобрат услугите и почнат да се натпреваруваат меѓу себе, ќе нема место за трет оператор. Ако останат вака тврдоглави како сега, ќе има голем простор за трет оператор и ова не е заплашување, јас сум само реален. Прошетајте низ Скопје ќе видите згради кои имаат мрежа само од едниот или од другиот оператор. Дигитализацијата на националните телевизии ја прави само еден оператор, другиот не нуди услуги. Распишуваме тендер во министерството, само еден оператор се јавува. Класичен договор е тоа, никој не е наивен” истакна министерот Николоски.

“Вие излеговте со листа на 100 нјауспешни компании по профит. Секоја година на таа листа, па и годинава е една компанија со еден вработен се вика “Kамени мост комуникации”. Може ли еден од двата оператори да ни кажат како се поврзани со оваа компанија и колку државата е оштетена од работењето во оваа компанија. Оваа година имаат прикажано добивка од 16 милиони евра” додаде Николоски во поткастот.

Министерот исто така додаде дека доколку државата одлучи да распише тендер за трет мобилен оператор, повикот ќе се однесува за класичен оператор со мрежни базни станици како и сегашните два кои што работат на домашниот пазар. Тој потенцираше дека ова е со цел зголемување на конкуренцијата и намалување на цените за граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Само 20 % од камерите работат, а за 24 фативме 2000 возачи кои возеле пребрзо
Следна Статија Таравари: Ја укинавме забраната од 2022 година, лекарите ќе може од приватното здравство да се вратат во јавното

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок, државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу…

February 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Реинвенцијата на трговските центри во Америка

Промените во навиките за купување ја прошируја поделбата помеѓу оние наменети за имотни купувачи и оние кои се соочуваат со…

January 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

ЈПДП: Девет фирми се поканети да достават финансиска понуда за изградба на автопатот Букојчани-Кичево

Јавното препријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека е завршена претквалификациската фаза на тендерот за изградба на автопатот Букојчани-Кичево кој…

August 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато: На сметките ќе пишува дали броилото е прочитано

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?